Ace Combat 7 добива Top Gun: Maverick DLC

Наскоро го добиваме очекуваниот филм Top Gun: Maverick, и се чини дека неговата соработка со игрите нема да биде ограничена само на Microsoft Flight Simulator. Ace Combat 7: Skies Unknown добива свој дел од Top Gun во нивната игра. Bandai Namco ги објави сите Add-ons ширум светот, нема да биде само за Јапонија. Сепак, јапонската страница за филмот вклучи некои дополнителни детали.

Во Јапонија се сподели како DLC со насловот Ace Combat 7: Skies Unknown – Top Gun: Maverick Aircraft Set. Конкретно ги споменуваше авионите F/A-18E Super Hornet и F-14A Tomcat. Во него се споменува и верзијата на Keiki Kobayashi на „Top Gun Anthem“. Тоа е човекот што го правел целиот саунд-трак на Ace Combat 7.

Top Gun: Maverick е продолжение на оригиналниот филм. Tom Cruise и Val Kilmer ќе се вратат во него како Maverick и Iceman. Само не се знае се уште дали Val Kilmer ќе има некоја голема улога. Односно Tom Cruise ќе си биде повторно главен, но гласот на Val Kilmer ќе биде прикажан и претставен со помош на AI технологија. Причина за тоа е што Val Kilmer има рак кој не му овозможува на актерот да звори. Еден предлог и препорака е да го погледнете документарецот за актерот кој го носи името VAL.

Ace Combat 7: Skies Unknown доби многу DLC во минатото. Порано авионите од минатите игри се појавуваа и стигаа како Add-ons. Во играта се појавија и експериментални авиони. Јапонските воздушни сили за самоодбрана се појавија во август 2021 година. Ace Combat 7: Skies Unknown е достапена на PlayStation 4, Xbox One и PC. Играта до сега има продадено три милиони копии. Иако тоа не е некоја масивна бројка (иако е голема) се кажува дека 3 милиони луѓе се фанови на авиони. Top Gun: Maverick ќе се појави во кино салите на 27 мај 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!