Microsoft работат на нов Cloud Streaming уред “Keystone”

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Microsoft веќе некое време планираат да издадат стик за стриминг, слично на другите производи како што се Roku или Amazon Fire стик. Односно ќе биде повеќе како екстра-мини XBOX уред за Cloud Streaming а не баш “стик”.

Новиот стриминг уред ќе се фокусира на Cloud гејмингот бидејќи неодамна ја објавија нивната услуга за Cloud Xbox. Оваа услуга е проширена и на нивните домашни конзоли со Xbox One и Xbox Series X|S. Сега се известува дека Microsoft работат на евтин хардвер кој ќе им овозможи на корисниците да играат Cloud игри директно на нивниот телевизор без потреба од конзола или мобилен уред.

“Our vision for Xbox Cloud Gaming is unwavering, our goal is to enable people to play the games they want, on the devices they want, anywhere they want. As announced last year, we’ve been working on a game-streaming device, CODENAME Keystone, that could be connected to any TV or monitor without the need for a console.”

Microsoft (via WindowsCentral).

Од изјавата, се чини дека „Keystone“ е во развој неколку години и дека ќе продолжи да се развива уште една година, бидејќи ќе ги финализираат спецификациите на нивните производи. Има смисла од бизнис перспектива зошто Microsoft би сакал да се фокусира на Cloud Streaming и покрај тоа што има физичка конзола за продажба. Претходно оваа година, беше објавено дека има над 25 милиони претплатници на нивната услуга Game Pass. Реално денес кој не е претплатен на XBOX Game Pass или е PlayStation и ништо друго, или едноставно не игра игри на XBOX или PC.

Понатаму, познато е дека Microsoft се залага за добивање Game Pass во повеќе домаќинства, без оглед на тоа како тие всушност играат преку услугата. Така, уред за стриминг со ниска цена може да биде начин да се донесе поголем обем на корисници.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

It’s Game Boy Morbin’ Time! Во новото видео, YouTube-рот Wulff Den го стави Morbius на Game Boy Color „поради некоја причина“, со долг и досаден процес кој сепак можеби беше попријатен од реалното гледање на “најдобриот филм” Morbius. Ако ова ви звучи познато, можеби се сеќавате кога истиот YouTube-р го стави Tenet на Nolan на Game Boy Advance, иако тоа време беше инспириран од нешто специфично: инсистирањето на режисерот на Tenet да се гледа на „најголемиот можен екран. „ и покрај тоа што беше пуштен во почетокот на пандемијата, кога повеќето гледачи на филмови не беа подготвени да одат во кината.

Додека тој пат, Wulff Den се пошегува дека го ставиле филмот на Game Boy „за инает“, овој пат YouTube-рот признава дека го направиле Морбиус само „поради некоја причина“.

Со Tenet, Wulff Den го распореди преку пет GBA касети, од кои секоја содржи околу половина час видео со 6 фрејмови во секунда со резолуција од 192×128. Иако Morbius не е ни приближно долг како Tenet, дополнителната компресија потребна за филмот да се вклопи во касетите Game Boy Color од 4 MB значеше дека Morbius зеде 36 касети. Бидејќи тоа се многу празни касети, и никој нема да го гледа филмот на овој начин, тој направи само 3 од 36-те кертриџи.

“The original plan was to put Dune on a Game Boy Color cartridge, becasue the director of that film said some similarly-dumb stuff about wanting people to go to the theater to see his film on as big a screen as possible.”

Bob Wulff

И по Dune, што е следното најдобро нешто? Морбиус, се разбира!