Голем турнир во Друштвената Игра “Dune: Imperium”

Загрејте ги вашите империи за да ја освоите Дина

Дами и Господа… Драги играчи на друштевени игри и пошироко! Со задоволство сакаме да го најавиме еден од најголемите турнири за друштвената игра „Dune Imperium” кој ќе се одржи на 3ти јуни (сабота) со почеток од 10 часот. Култното место на сите Бордгејмери е “Борд Гејм Кафе САМО” во Скопје и нормално тоа е правото место каде што треба да се одржи турнир од вакви рамки!

Играта е инспирирана од славниот научно-фантастичен роман на американскиот писател Френк Херберт и приказната датира од далечната 1965 година. Прикзаната има доста голем број на продолженија, како и неколку филмови како што се култниот Dune од 1984 година, и моментално популарниот Dune од 2021 година кој што наскоро го добива својот втор дел.

Организатори на турнирот се: Иво Бару, Никола Докоски, Владимир Настовски и Љупчо Нечовски. Сите се дел од неформалната Фејсбук група ‘Board Games MKD’ во која членуваат луѓето кои што навистина го сакаат тоа што го прават и се задоволни од колку се гради заедницата секојдневно. Дополнително ова е прв пат да се организира турнир за оваа игра во Македонија што го прави сериозно достигнување.

Пријавени се дваесет учесници кои по пат на бодување и елиминации во текот на денот ќе го одлучат победникот. Покрај парични награди, најдобрите играчи ќе добијат и игри од Гоблин Гејмс, и нормално од најдобрата Македонска издавачка куќа Final Frontier Games игри!

Директен пренос од финалето ќе може да се гледа на спомнатата ФБ група, но и нормално на Twitch и YouTube каналите на GG.MK кои што се подржувачи на целиот турнир. Ќе има пренос само од финалето кое би започнало околу 19h, но можно е да има и неколку преноси од другите партии.

Кој ќе завладее со Аракис?! Борбата за планетата на пустините започнува! дваесетте борци, претставници на различните династии и слободни племиња, ќе ги соочат своите вештини. Дали ќе победи некој од борците на куќата Атреидес или Харконен? Претставник на Фремените можеби? Или можеби случаен патник низ пустината… Сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат и да навиваат за својот фаворит!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Sony ги објави бесплатните игри кои доаѓаат на PS Plus за членовите на Essential во мај 2024 година.

Почнувајќи од 7 мај, членовите на PS Plus Essential ќе добијат бесплатен пристап до EA Sports FC 24 (PS4, PS5), Ghostrunner 2 (PS5), Tunic (PS4, PS5) и Destiny 2: Lightfall (PS4, PS5). Како и сите месечни игри на PS Plus, играчите можат да ги додадат во својата библиотека за да ги побараат во секое време во текот на месецот кога се достапни. Откако ќе се додадат, тие можат да се инсталираат и репродуцираат во секое време се додека имате активно членство.

Destiny 2: Lightfall, Ghostrunner 2 и Tunic ќе бидат достапни за симнување од 7 мај до 3 јуни. EA Sports FC 24, сепак, ќе биде достапна до 17 јуни.

Покрај четирите игри, претплатниците на PS Plus можат да го побараат стартниот пакет на PS Plus Football Ultimate Team. Пакетот вклучува 11 играчи кои не можат да се тргуваат, сите оценети со 82 или погоре, како и избор на играч за заем од ICON за седум натпревари.