Според голем број на сигурни извори, продолжението на хитот на Ubisoft – Immortals: Fenyx Rising е откажано во раната фаза на изработка на играта. Горенаведените извори тврдат дека продолжението на споменатата игра навистина било во рана развојна фаза во студиото Ubisoft Quebec. Според изворите ова откажување е поради тоа што Ubisoft сакаат да се фокусираат на нивните главни и поголеми наслови, најмногу да се фокусираат на Assassin’s Creed.
Според претходните инсајдерски информации, продолжението на Immortals: Fenyx Rising всушност не требаше да биде продолжение, туку еден вид спин-оф. Беше во развој под кодното име Oxygen и требаше да биде инспирирано од Полинезиската култура и митологија. Дали информациите за неговото откажување се вистинити и дали сè уште има шанси да го видиме некогаш (можеби кога Assassin’s Creed е над главата на сите) останува да видиме.