Hideo Kojima соработува со NASA

Hideo Kojima најави дека ќе соработува со NASA! Hideo Kojima е едно од највлијателните имиња во гејминг индустријата. Тој тесно соработуваше со некои од најголемите актери при правење на неговите игри, ја заслужи почитта на големите режисери како Guillermo del Toro и го отвори патот за индустријата со некои од најиновативните игри таму. Тој е исто така малку ексцентричен, и не го крие тоа преку своите игри. Тој има некои многу чудни концепти и самиот е малку чуден лик! Сите си го знаеме и си го сакаме Kojima таков каков што е!

Како таков, тој прави прилично уникатна соработка. Hideo Kojima е познат по партнерството со некои од најкреативните умови и брендови низ индустријата, па оттука и талентот што тој го вклучи во своите проекти. Doritos, Monster Energy, Norman Reedus, сите исечени од иста ткаенина, се разбира. Неговата последна соработка е со некои од најинвентивните и најпаметните луѓе во светот – NASA. Hideo Kojima не оди во вселената или прави игра во вселената. Соработката е за рачен часовник и други производи од Anicorn, компанија која соработувала со NASA на други часовници. Hideo Kojim и вселенската агенција соработуваат за линијата наречена Space Ludens, именувана по препознатливиот каратер на Kojima Productions во стилот на астронаутите, Ludens. Часовникот има сличен дизајн како самиот Ludens со сива/златна шема на бои и многу изразени метални парчиња. Само 600 од нив ќе бидат направени, а 100 од нив ќе доаѓаат со маска на Ludens (која исто така изгледа како Die Hardman од Death Stranding). Засега, не е објавена цена, но нарачките ќе се отворат на 27 септември.

Во моментов, Kojima Productions го задева својот следен проект во кој се чини дека ќе ја игра актерката Elle Fanning. Не е јасно дали е поврзана со неговата неодамна објавена игра за XBOX или дали е за Death Stranding 2. Исто така, може да биде нешто сосема ново, но во моментов е целосна мистерија.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!