Во мај се отвара првиот META Store

Комапнијата META денес го претстави својот прв Meta Store. Се работи за првиот физички малопродажен простор, кој ќе се отвори на 9ти мај во кампусот Burlingame, California. Во Meta Store, ќе можете да стекнете практично искуство со сите хардверски производи на META.

Преку интерактивни демоа, ќе можете да остварувате видео повици со некои вработени или други луѓе со Portal, да дознаете како Ray-Ban Stories може да ви помогнат да останете присутни со светот околу вас и да ја истражувате магијата на VR со Quest 2 демо. Исто така, се олеснува купувањето на Portal, Ray-Ban Stories и Quest онлајн, а тоа е во новиот Shop таб на meta.com.

“Once people experience the technology, they can gain a better appreciation for it. If we did our job right, people should leave and tell their friends, ‘You’ve got to go check out the Meta Store.’”

Martin Gilliard, Head of Meta Store

Влезете во Meta Store и ќе откриете како Ray-Ban Stories ви помагаат да снимате и споделувате спомени без да бидете оддалечи од моментот. Можете да пробате многу различни наочари кои што имаат уникатен стил, боја и оквири (вид/големина на стакло) за да ги најдете совршените за вас. Откако ќе влезете внатре, можете да упатите видео повик до некој вработен или некој што работи во META за целосно да ги истражите неговите можности, да ја пробате The Smart Camera и да правите Story Times.

The Meta Store, исто така ќе располага со интерактивен ѕид за прикажување на квалитетот и карактеристиките што ги нуди Quest 2, кој ви овозможува да го истражите хардверот, неговите додатоци и широчината на содржината. Последно, но не и најмалку важно е извонредна демо област на Quest 2, каде што можете да пробате Beat Sabre, GOLF+, Real VR Fishing или Supernatural на голем заоблен LED екран кој што е големина “ѕид до ѕид” што го прикажува она што го гледате во Headset-от.

“Having the store here in Burlingame gives us more opportunity to experiment and keep the customer experience core to our development. What we learn here will help define our future retail strategy.”

Martin Gilliard, Head of Meta Store

Целта на The Meta Store е да им се покажат сите производи на META, притоа давајќи им увид во иднината додека оживува метаверзумот.

“The Meta Store is going to help people make that connection to how our products can be the gateway to the metaverse in the future. We’re not selling the metaverse in our store, but hopefully people will come in and walk out knowing a little bit more about how our products will help connect them to it.” 

Martin Gilliard, Head of Meta Store

Почнувајќи од 9 мај, продавницата ќе биде отворена од понеделник до петок од 11:00 до 18:00 часот попладне. С322 Airport Blvd in Burlingame, California. Ќе можете да купите додатоци за Quest 2, самиот Quest 2 уред и уреди за Portal. Ако сте заинтересирани да купувате Ray-Ban Stories, вработен во продавницата ќе ви помогне како да го сторите тоа.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Оваа недела Xbox одбележува 25 години од своето постоење. По тој повод, извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, објави долга објава на X, во која ја опиша долгата историја на Microsoft во гејминг-индустријата, која започнува многу пред објавувањето на првата конзола Xbox на 15 ноември 2001 година. Сепак, иако најголемиот дел од објавата наликува на вообичаените блог-текстови по повод годишнини од раководители во гејминг-индустријата, последниот дел навестува дека компанијата би можела да тргне во нов правец со најконтроверзната технологија во моментов – генеративната вештачка интелигенција.

„Иако современите игри ги покажуваат највисоките достигнувања на човечката креативност на начини што пред само неколку децении беа незамисливи, трошоците, ресурсите и ризиците потребни за нивно создавање пораснаа исто толку драматично“, напиша Шарма. „Како резултат на тоа, премногу идеи никогаш не стануваат игри, а премногу игри не го достигнуваат она што нивните креатори го замислиле. Со децении, ова беше неизбежниот компромис при остварувањето амбициозни проекти. Мораме да го промениме тоа.“

Шарма неодамна ја опиша гејминг-дивизијата на Microsoft како „нездрава“ и изјави дека Xbox се наоѓа во процес на „рестартирање“, кое веќе доведе до отпуштање на повеќе од илјада вработени и продажба на неколку омилени студија, меѓу кои и Double Fine.

Следниот пасус на Шарма дава одреден увид во тоа како компанијата планира да ја промени ситуацијата. „Низ човечката историја, обемот на она што можевме да го создадеме зависеше од луѓето, капиталот и ресурсите со кои располагавме“, продолжи Шарма. „Таа поврзаност почнува да се менува. Едно лице наскоро ќе може да располага со можности за кои некогаш беа потребни цели нации. Мал тим ќе може да создава светови за кои денес се потребни стотици програмери и стотици милиони долари. А нашите најголеми студија ќе можат да реализираат амбиции што далеку ги надминуваат денешните игри, исто како што Microsoft Flight Simulator 2024 е далеку понапреден од првото издание во 1982 година.“

Иако Шарма внимателно избегна директно да го употреби терминот „вештачка интелигенција“, идејата дека „мал тим“ ќе може да „создава светови за кои денес се потребни стотици програмери и стотици милиони долари“ изгледа остварлива единствено во контекст на оваа технологија. Современите ААА-видеоигри обично бараат сè поголем број програмери, а како резултат на тоа, трошоците за нивниот развој постојано растат низ целата индустрија.

Искуството на Шарма со вештачката интелигенција

Откако Шарма беше назначена за нова извршна директорка на Xbox, многумина почнаа да шпекулираат дека гејминг-дивизијата на Microsoft со текот на времето сè повеќе ќе се потпира на вештачката интелигенција. Пред да ја преземе сегашната функција, Шарма беше корпоративна потпретседателка за видео во Microsoft и раководителка за производи во рамките на платформата за вештачка интелигенција, а потоа ја предводеше организацијата CoreAI за развој на производи во компанијата.

Во услови на постојани критики кон генеративната вештачка интелигенција поради нејзиното потенцијално негативно влијание врз работните места, уметничкото изразување и животната средина, Шарма се обиде да ја намали важноста на своето претходно учество во развојот на оваа технологија. Во блог-објава од февруари, таа изјави: „Како што се развиваат монетизацијата и вештачката интелигенција и влијаат врз оваа иднина, нема да бркаме краткорочна ефикасност ниту ќе го преплавиме нашиот екосистем со бездушна содржина генерирана од вештачка интелигенција. Игрите се и секогаш ќе бидат уметност, создадена од луѓе и со помош на најиновативната технологија што ја обезбедуваме“.

Сепак, на 13 октомври, таа го најави Xbox Labs, експериментална дивизија инспирирана од неодамнешниот бран проекти за декомпајлирање, пренесување и модифицирање игри, потпомогнати од вештачка интелигенција. И покрај тоа што оваа група недвосмислено се занимава со код генериран од вештачка интелигенција, Шарма успеа ниту еднаш да не го употреби зборот „AI“ во објавата со која го претстави тимот.

Најновата блог-објава на Шарма е доста слична, бидејќи ги опишува промените во индустријата за видеоигри предизвикани од генеративната вештачка интелигенција, без директно да ја именува технологијата. Иако многу играчи со право не ја одобруваат употребата на генеративна вештачка интелигенција при создавањето игри, нејзината употреба за пишување или помош при создавање програмски код тивко стана дел од софтверската индустрија.

Истражувањето на Stack Overflow за 2025 година, во кое беа опфатени случувањата во текот на годината, покажа дека 84 отсто од анкетираните софтверски програмери користат алатки за вештачка интелигенција во одредена форма. Иако сè уште постои надеж дека оваа ситуација би можела да се промени преку законски регулативи или други механизми, се чини дека повеќето големи гејминг-компании ќе продолжат да се потпираат на генеративната вештачка интелигенција сè додека не дојде до некаква значајна промена.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!