Во Fortnite се навестува соработка со One Piece преку мистериозен пиратски ковчег

One Piece

Со завршувањето на четвртата сезона од седмото поглавје на Fortnite, играчите се подготвуваат за она што следува. Според различни гласини, претстојната мини-сезона би можела да биде посветена на популарната манга и аниме-серија One Piece. Epic Games сè уште не ја потврди темата на сезоната, но интересен детаљ пронајден во датотеките на играта можеби им го даде одговорот на фановите.

Најновото ажурирање за четвртата сезона од седмото поглавје беше објавено на 15 октомври, со што беше додадена и последната содржина поврзана со Fortnitemares пред Ноќта на вештерките. Осмото поглавје целосно ќе го промени Battle Royale искуството, вклучувајќи ја актуелната мапа, оружјата, темата и клучните механики.

Epic Games традиционално објавува мини-сезона меѓу две поглавја, со цел играчите полесно да преминат кон следната голема промена. Овие мини-сезони обично се посветени на одредена тема. Минатата година, на пример, светот на играта беше претворен во Спрингфилд од The Simpsons, а играчите добија и тематски козметички предмети.

Во изминатите неколку недели се појавија гласини дека овогодинешната мини-сезона ќе биде посветена на One Piece.

Датотеките на Fortnite навестуваат соработка со One Piece

Додека ги истражувале датотеките од најновото ажурирање, датамajнерите откриле мистериозен пиратски ковчег. Се верува дека тој е поврзан со завршниот настан на актуелната сезона, кој наводно ќе ги одведе играчите на нова локација, можеби наречена Blue Planet.

Друг интересен детаљ е новиот екран за вчитување поврзан со приказната на играта. На него се прикажани Џонси и Хоуп како паѓаат низ пукнатина во реалноста, додека пиратскиот ковчег паѓа заедно со нив.

Екраните за вчитување често се поврзани со приказната на Fortnite и откриваат детали за идните случувања. На сликата, Хоуп изгледа самоуверено додека паѓа кон новата мапа, додека Џонси седи врз буре.

Токму бурето предизвика дополнителни шпекулации меѓу фановите. Во второто поглавје од мангата One Piece, главниот лик Луфи излегува од буре што било исфрлено на брегот. Станува збор за една од препознатливите сцени од почетокот на оваа исклучително популарна серија.

Можно ли е ова да биде само случајност или уште еден навестувачки детаљ за претстојната мини-сезона?

Четвртата сезона од седмото поглавје на Fortnite завршува на 1 ноември, кога се очекува да започне и мини-сезоната.

Извор: Polygon.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!