Jagex ја откажа „RuneScape Reignited“ по критиките од играчите

RuneScape Reignited

Помалку од две недели по најавата, Jagex ја откажа RuneScape Reignited по критиките од играчите. Компанијата призна дека проектот не ги исполнил очекувањата и потврди дека нема да продолжи со неговиот развој.

Jagex ја откажа RuneScape Reignited, но бесплатниот пробен период останува

Jagex ја објави одлуката преку видео на YouTube и придружна објава на блогот. Креативниот директор на играта, познат како Mod Ryan, им се заблагодари на играчите за повратните информации и потврди дека проектот е откажан.

„На сцената реков дека нема да ги повториме истите грешки од минатото и навистина стојам зад тоа. Имајќи го предвид ова, донесовме одлука да го откажеме Reignited“, изјави тој.

И покрај откажувањето, ажурирањето за RuneScape планирано за 2 декември ќе биде објавено. Тоа ќе вклучува и 10-дневен бесплатен пробен период, од 2 до 12 декември, во кој играчите ќе можат да пристапат до содржините наменети за претплатниците.

Оваа можност ќе биде достапна за новите ликови, како и за ликовите што нема имале активна членарина од 2 јуни наваму. Играчите ќе можат бесплатно да ги испробаат содржините и световите достапни за членовите.

Планираниот Adventure Guide и првиот дел од преработеното патување низ играта исто така ќе бидат објавени на 2 декември.

Плановите за RuneScape во 2027 година остануваат непроменети

Jagex потврди дека плановите за развој на RuneScape за 2027 година, претставени за време на RuneFest, остануваат на сила.

Компанијата смета дека дискусијата околу Reignited го засенила претставувањето на плановите за иднината на играта. Тие предвидуваат темелно обновување на RuneScape, со поголем фокус на постојната заедница и на искуството што играчите го очекуваат од играта.

Извор: Insider Gaming.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!