Девелоперите кои стојат зад една од најголемите измами во историјата на гејминг индустријата „The Day Before“ бараат луѓе да се пријават да дизајнираат нивоа за нивната следна игра. Fntastic оваа го побараа на својот дискорд канал, каде што пуштија „натпревар“ каде што секој којшто сака да прави за нив мапи, левели и нивоа, може да се пријави и да им ги заврши работите… Но пазете сега…
Финтата е тоа што победникот на натпреварот нема да биде платен за својата работа! Нема да добие буквално ништо!!!
„Овој натпревар е шанса да ја ослободите вашата креативност со дизајнирање мапа која, доколку победи, ќе биде додадена во играта во идните ажурирања“, се вели во соопштението. Потоа беа поставени правилата за учество во „натпреварот“, што вклучува наведување дека поднесоците може да бидат 2Д цртежи, 3Д модели или „кој било друг стил“. Покрај дизајнот на картата, поднесоците треба да вклучуваат и слики и уметнички дела, целосен опис, тема на картата, отпуштање и „разгледувања за рамнотежа“.
Има ли нешто по мрднато од тоа за вие да се пријавите на некој натпревар организиран од „Студиото со една најголемите измами во индустријата“, кои што никогаш не ни направија и не ни издадоа игра каде што ви кажуваат “вие ќе добиете клуч, ДОКОЛКУ играта некогаш излезе“. Одма мора да се напомене дека ова никогаш нема да се случи дека сепак првично нивните барања се премали и глупави за вие да потрошите време да учествувате.
Fntastic имаат голема историја со фановите и овие турнири
Барањето Fntastic кон фановите за дизајни на мапи не е нешто ново за студиото. За време на развојот на The Day Before, студиото редовно користеше неплатени волонтери за развој на својата игра. Тие доброволци беа лоцирани во различни земји, вклучувајќи ги Русија, Белорусија, Украина, Финска и многу повеќе. Во еден момент, студиото тврдеше дека користи над 100 волонтери со полно работно време.