Девелоперите на „The Day Before“ се враќаат како „Fntastic 2.0“ со нова Кикстартер кампања. Никој не знаеш ЗОШТО?!

Во декември 2023 година, The Day Before, долгоочекуваниот шутер со преживување, беше објавен од страна на Fntastic по години развој. Набргу се покажа дека не е ништо помалку од измама, бидејќи играта започна во мизерна состојба, по што Fntastic ја повлече офлајн и го затвори студиото.

Сега, речиси една година откако студиото исчезна, тимот се враќа со „Fntastic 2.0“… Пред да започнеме да ви кажеме ЗОШТО, да нагласиме дека ова се истите луѓе кои изјавија дека „срања се случуваат“ на социјалните мрежи кога нивната игра беше офлајн.

Guess who’s back? Guess who’s back? … -_-

Во шокантна објава на социјалните мрежи, тимот на Fntastic се врати, наведувајќи дека „секој заслужува втора шанса“. Тие објавија линк до новата игра наречена „ Escape Factory“ и нагласија дека планираат да ги поправат грешките од минатото. Под „грешки од минатото“, стои измама на илјадници гејмери ширум светот, и ги изиграа како марионети.

Тие се вратија на сцената со Kickstarter што го составуваат за да генерираат средства за да направат повеќе игри, вклучувајќи ја и онаа што штотуку ја именував.

Во моментот на пишување, Kickstarter-от заработил неверојатни 154 фунти од целта од 11.646 фунти (каков случаен број). Ако ја поддржите нивната кампања со донација од 12.000 долари, ќе добиете „незаборавна вечера“ со основачите на Fntastic. Шансите да ви кажат каде е вечерата, и никој да не дојде се големи, од причина што… Како што не постоеше игра така нема да постои ни вечера!

Ова е буквално мизерија. Тие всушност велат дека им е потребна помош од заедницата ако сакаат да го оживеат Fntastic, па дури и објавија текст за промоција во која ја прикажуваат нивната желба за промена. Тие се „ребрендираа“ со менување на палетата на бои на нивното лого и сега проповедаат чесност, транспарентност и професионалност.

Но тоа не е се… Тие имаат и мисија…

Нашата мисија е да создадеме игри кои ќе бидат сакани со децении!

Нашата следна игра е ваква:

Играте како работници изморени од животот кои се обидуваат да избегаат од маѓепсаниот круг на смртоносните фабрики од кои нема лесен излез. Легендата вели дека само една голема и мистериозна личност некогаш избегала.

Здружете се со 4-8 играчи и започнете ги предизвиците!

Fntastic 2.0

Ако соберат 200.000 долари, ќе ја направат играта и ќе ја донесат на сите платформи… Нека се рокнат пред да ги соберат парите…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Проектот и серијата Secret Level беа претставени на неодамнешната церемонија на Gamescom Opening Night Live, при што студиото Blur ги дигна стандардите за амбициозниот проект кој вклучува неколку препознатливи франшизи. Secret Level е анимирана серија во која секоја епизода е заснована на различна игра: God of War, Unreal Tournament, Warhammer итн.

Во последните неколку месеци на интернет се појавуваа неколку тизер трејлери, но неодамна протече еден поголем трејлер кој што ни откри неколку клучни членови на актерската екипа.

Гејмингот владее во Холивуд

Протечениот трејлер за Secret Level, кој се појави на еден Телеграм сервер, прикажува повеќе од франшизите што најдоа место во проектот. Тоа е долга листа, а потенцијалот на Secret Level е речиси неспоредлив – има толку многу серии на видео игри од кои може да се извлече за да се насели универзумот.

Во трејлерот се откриваат вокалните таленти на неколку актери од висок профил:

  • Arnold Schwarzenegger
  • Patrick Schwarzenegger
  • Kevin Hart
  • Heaven Hart
  • Keanu Reeves
  • Gabriel Luna
  • Arianna Greenblatt
  • Adewale Akinnuoye-Agbaje
  • Michael Beach
  • Emily Swallow
  • Claudia Domit

Еве еден од претходно објавените трејлери за Secret Level:

Не ни треба долго да чекаме додека готовиот трејлер не биде објавен на интернет – самото шоу ќе биде премиерно прикажано на Prime Video на 10 декември и ветува дека ќе понуди малку нешто на сите, без оглед на видот на игрите во кои уживате.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!