South Park направија шала со Baldur’s Gate 3

Телевизијата не е веќе тоа што беше , но сепак се добива шмек и возбуда кога се гледа South Park на телевизија како референца за нешто што сте го направиле. На никого не му беа потребни груби момчиња од цртан филм за да потврдат дека Baldur’s Gate 3 постигна огромен успех, но шегата за cross-dimensional зачувување на прогрес, во најновиот специјален дел од South Park нагласува колку стана мејнстрим D&D RPG-то.

Како добар, строг DM кој не дозволува правилата да излезат низ прозорецот само затоа што играчите се шегуваат наоколу, развивачот на Baldur’s Gate 3 Larian Studios побрза да пријави приговор за замолченоста. Студиото истакна дека шегата погрешно ги прикажува можностите за cross-save на BG3.

Специјалот, наречен South Park: Joining the Panderverse, премиерно беше прикажано на Paramount+ денес, и главно базирано на трејлерот, има врска со алтернативен универзум на South Park под влијание на ставот на серијата за „разновидниот кастинг“. Сè што треба да знаете во овој контекст е дека вклучува мултиверзум, каде што влегува Baldur’s Gate 3.

Во сцена објавена на Twitter, алтернативната реалност на Картмен (ја игра Janeshia Adams-Ginyard) се жали дека „веќе е 50 часа во Baldur’s Gate 3“, но мора да започне нова игра. „Дали зачуваните игри не се вкрстуваат меѓу повеќе универзуми? прашува таа.

Стен одговара: „Сејвот не се зачувува меѓи PC и PS5, зошто би се вкрстувале помеѓу повеќе универзуми?

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!