PlayStation ја гасат Конкорд само две недели по нејзиното лансирање…
Компанијата објави преку блог пост дека целата игра и сите сервери ќе одат OFFLINE на 6 септември. Компанијата вели дека тоа го прави ова за „да ги истражи опциите, вклучително и оние што подобро ќе допрат до нашите играчи“.
Иако целиот квалитет и замисла за играта не поминаа кај играчите, ние исто така признаваме дека другите аспекти на играта и нашето првично лансирање не испаднаа како што сакавме…
game director Ryan Ellis said
Оние кои ја купиле играта ќе добијат целосна рефундација додека сите идни продажби веднаш ќе бидат стопирани. Ако сте ја купиле играта физички, Sony вели да ја проверите политиката за рефундирање кај продавачот во кој е купена играта.
Конкорд излезе на 23 август и доби премногу мала фан база и премногу мал број на купувачи. На денот на лансирањето играта имаше помалку од 700 истовремени играчи на Steam, а бројот продолжи да се намалува секојдневно. Пред оваа објава, играта се бореше да погоди 100 истовремени играчи на платформата.
Нема информации за тоа што направи играта на PlayStation 5. Имаше извештаи дека играта е продадена во околу 25.000 примероци. Вистинскиот број, сепак, е веројатно помал откако ќе се земат предвид раните поврати.