Ново софтверско ажурирање за PS5

Sony објави нова системска надградба за PlayStation 5 (PS5). Достапна за сите сопственици на PS5, оваа надградба додава нови емотикони, подобрувања во прегледот на активности и промени во родителската контрола.

Ако сте љубители на емотикони, Unicode 16.0 воведува нови симболи, вклучувајќи отпечаток од прст, лице со подочници, харфа, лопата, прскот, дрво без лисја и коренест зеленчук.

Детали за PS5 надградбата 25.02-11.00.00

  • Поедноставен е прегледот на детали за активностите.
    • Деталите сега се прикажуваат целосно на картичките.
    • Потенцијалните спојлери и натаму ќе бидат скриени.
  • Unicode 16.0 емотиконите сега се поддржани и може да се користат во пораки.
  • Кога родителските контроли се поставени на “Late Teens” или постари, опциите “Communication” и “User-Generated Content” автоматски ќе се ограничат.
    • Ако претходно сте поставиле овој режим, вашите претходни поставки нема да бидат изменети.
  • Подобрени се перформансите и стабилноста на системскиот софтвер.
  • Подобрени се пораките и употребливоста на одредени екрани.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Bethesda денеска официјално потврди дека следната игра од серијалот The Elder Scrolls ќе се вика The Elder Scrolls VI Sentinel. Потврдата беше објавена во видео пократко од 10 минути, со кое се одбележуваат 40 години од постоењето на студиото Bethesda Game Studios.

Поминаа повеќе од осум години откако Bethesda официјално го најави постоењето на шестата игра од серијалот The Elder Scrolls. Шефот на студиото, Тод Хауард, денеска ја објави веста и рече дека ова е „совршениот момент“ играта да го добие своето целосно име. Сепак, Bethesda денеска не сподели дополнителни детали за The Elder Scrolls VI Sentinel.

Минатата недела беше објавено дека Bethesda планира да го објави името на играта во ноември, во периодот кога ќе се навршат 15 години од објавувањето на The Elder Scrolls V: Skyrim. Sentinel ќе биде сместена во Хамерфел, провинција од универзумот на Elder Scrolls, која се појавува во игрите The Elder Scrolls Adventures: Redguard и The Elder Scrolls Online. Sentinel ќе биде првата игра што ќе се занимава со историјата на Elder Scrolls и ќе помогне во откривањето на тајните на овие мистериозни древни артефакти.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!