Во изработка е нова BATMAN игра

На интернет само што протече сосема нова Batman игра! Batman е еден од најпознатите и најпопуларните суперхерои во светот и на гејмингот и буквално целиот свет. Додека ликот помести планини за жанрот на суперхерои во филм, тој исто така беше одговорен за клучната пресвртница во адаптациите на видео игрите. Серијлот на Batman Arkham беше од суштинско значење за да им помогне на игрите со суперхерои да се чувствуваат како да се нешто посебно и нешто врвно, а не само евтини годишни изданија кои често се поврзуваа со нов филм. Игрите на Spider-Man почнаа да страдаат со текот на времето како резултат на тоа, но Batman успеа да го скрши овој калап и да создаде нешто што стоеше над сите други игри. И покрај завршувањето на тој серијал во 2015 година, Бетмен сè уште постои благодарение на ансамбл игрите како LEGO, MultiVersus и Injustice, па ајде и да го спомнеме еден од најголемите фејлови за оваа година во делот на гејмингот Gotham Knights. Но сепак квалитетен Batman, подобро да кажеме ЖИВ Batman не сме виделе многу одамна!

Како што забележал Jank Roettgers (via UploadVR), судскиот документ на FTC забележува дека Camouflaj работи на нова игра Batman VR за META. Инвеститорот е познат по неговата работа на Iron Man VR, игра која претходно беше ексклузивна за PlayStation VR, која сега се најде на Oculus откако студиото беше купено од Мета. Во документот се забележува дека тимот работи на Бетмен игра за уредот Meta’s Quest, но не нуди други детали. Rocksteady направи спин-оф за VR Arkham пред неколку години, но се чини поверојатно дека Camouflaj ќе си го направи своето.

Само времето ќе покаже како би изгледала оваа игра, но Мета се обидува да подготви здрава количина на возбудливи наслови од First-Party девелоперите за своите уреди. Rockstar Games дури направи договор да го донесе Grand Theft Auto: San Andreas на Meta уредот во блиска иднина. Веројатно ваквите зделки ќе продолжат да се случуваат со оглед на длабоките џебови на Мета, но кој знае дали тоа ќе се исплати.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

По една деценија затишје, серијалот Silent Hill се врати на голема врата. Konami кон крајот на 2025 година најави дека сакаат секоја година да објавуваат нова игра од серијалот. Амбициозниот план, според издавачот, е остварлив бидејќи компанијата веќе работи на „многу“ необјавени проекти. Досега Konami се придржува до оваа стратегија, со оглед на тоа што римејкот на Silent Hill 2, Silent Hill f и Silent Hill: Townfall излегоа во последните три години.

Според извештај на MP1st, Konami планира да го продолжи овој тренд со објавување на римејкот на оригиналниот Silent Hill, на кој работи Bloober Team, во 2027 година. Иако роковите за развој на игри често се менуваат, можно е играта да излезе во текот на следната година.

MP1st откри и имиња на две гласовни актерки кои ќе учествуваат во римејкот: Габриел Фриц и Џејд Метју. Фриц е англиско-германска актерка која претходно работела на игри како Battlefield 2042 и The Tomorrow Children, како и на телевизиската серија FBI: International. Метју, пак, се појавила во филмот Judy од 2014 година, Suite 313 и Torchwood: The Story Continues.

Засега не е откриено кои ликови ќе ги толкуваат актерките. Сепак, малата актерска екипа на оригиналниот Silent Hill ги ограничува можностите на ликовите Сибил Бенет, Лиса Гарланд, Далија Гилеспи, Шерил и Алеса.

Римејкот на Silent Hill од Bloober Team беше најавен во 2025 година

Претходно, инсајдерот Даск Голем тврдеше дека Bloober Team работи на римејкот на Silent Hill уште од 2022 година, што дополнително ја прави веројатна можноста играта да излезе во 2027 година. Konami официјално го најави римејкот во јуни 2025 година, по успехот на римејкот на Silent Hill 2 од Bloober Team.

Надвор од овие информации, деталите за играта се оскудни. Сепак, можно е Bloober Team повторно да пристапи сеопфатно кон преработката. Римејкот на Silent Hill 2 донесе значајни промени во однос на оригиналната игра, поради кои времето потребно за нејзино завршување речиси се удвои.

Bloober Team во моментов има густ распоред за објавување игри. Студиото веќе најави две хорор-игри за преживување за 2027 година: Star Trek: Shadow Frontier и Onyx: The Dark Grip, ексклузивна игра за Nintendo Switch 2, која, во необичен пресврт, ќе може да се игра само во рачен режим.

Студиото работи и на дополнителна содржина за Cronos: The New Dawn, како и на Layers of Fear 3. Благодарение на римејкот на Silent Hill 2 и играта Cronos, Bloober Team во последните години успеа значително да го подобри својот углед, откако игрите како The Medium и Layers of Fear од 2023 година оставија разочарувачки впечаток кај дел од публиката.

Со Silent Hill и неодамнешното издание на Castlevania: Belmont’s Curse, и Konami се врати на сцената на начин што малкумина го очекуваа.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!