Insomniac Games планираат да вметнат New Game+ во Marvel’s Spider-Man 2 на почетокот на 2024 година, според новиот твит.
Тимот работи и на други значајни карактеристики кои сè уште „бараат повеќе тестирање“. Некои примери вклучуваат менување на бојата на костимите, менување на времето од ден во ноќ и повторување на мисии.
Целосната листа на карактеристики на големото ажурирање ќе биде потврдена наскоро. Карактеристиките што беа откриени денес делумно сугерираат дека Insomniac Games се фокусирале на Quality of Life делот.
Денешното соопштение навестува прилично големо ажурирање, користејќи фрази како „меѓу многу други“ и „само да наведеме неколку“.
Insomniac Games остави многу простор за потенцијални одложувања, доколку е потребно. И тие го заслужуваат целото време што им е потребно.
Marvel’s Spider-Man 2 е една од најголемите игри на годината, па дури и продаде 5 милиони копии за само десет дена. Значи, на секое ажурирање природно ќе му треба многу грижа за да ги исполни истите очекувања.