Играта Highguard доби „претежно негативни“ критики на Steam по лансирањето

Highguard

Игарата Highguard е веќе достапна за PlayStation 5, Xbox Series X|S и PC, а барем еден сегмент од гејмерската заедница веќе оставила свои впечатоци за играта. Во рок од еден час од објавувањете на играта, Highguard доби „претежно негативни“ критики на Steam од играчите.

Од пријавени проблеми со перформансите до играчи кои велат дека биле избркани од играта, се чини дека има голем број загрижености од играчите.

„Едвај имав 60 fps на 5070 Ti и 14700K“, изјави еден корисник. Друг додаде дека „веднаш се најавиле и биле исфрлени од играта“.

Сепак, иако некои од загриженостите се чини дека се оправдани, има многумина кои едноставно се приклучуваат на верувањето на многумина дека ова ќе биде ситуација „Concord 2“. За она што вреди, Concord достигна врв со само 697 играчи на Steam, додека Highguard достигна речиси 100.000 истовремени играчи до моментот на пишување.

И додека критиките се претежно негативни во раните фази, има многу позитивни критики од играчите.

„Најголемата поука по првите неколку натпревари е дека правилата се навистина различни“, се вели во еден преглед. „Ова не е само Concord од Тему. Фазите на подготовка, знаме и опсада му даваат на натпреварот јасен ритам, и откако ќе се навикнете на тоа, е многу позабавно од чистите дуели со цел.“

Друг корисник рече дека ништо во играта не се чувствувало „неуредно“ и покрај мешањето на „многу гејмплеј“.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!