Fortnite конечно се враќа на Google Play Store

Epic Games конечно успеа да го најави враќањето на Fortnite на Android преку Google Play Store, а не само тоа, туку е објавен и датумот на излегување.

Fortnite и мобилните уреди беа во центарот на контроверзии во последните неколку години. Во 2025 година Fortnite се врати на Apple App Store по петгодишна битка. Сега дојде редот и на Android корисниците.

Веста доаѓа директно од официјалната Fortnite X страница на социјалните мрежи. Во објавата едноставно стоеше:

„Без разлика каде се наоѓате, ние сме тука за вас. Fortnite се враќа на Google Play.“

Но, колку долго требаше да трае чекањето овојпат? Недели? Месеци? Години?! А што велите за 19 март? Тоа е навистина брз пресврт, и штом апликацијата стане достапна, треба да можете да ја преземете, да се најавите и веднаш да почнете да редите победи на мобилен.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!