Директорот на Assassin’s Creed Hexe си заминува од Ubisoft

Assassin’s Creed Hexe

Креативниот директор на Assassin’s Creed Hexe ќе ја напушти Ubisoft, а неговото место ќе го преземе новиот Head of Content.

Vantage Studio неодамна најави ново раководство за франшизата Assassin’s Creed, со трио кое е задолжено да го води брендот понатаму. Новите улоги вклучуваат Head of the Assassin’s Creed Brand, Head of Content и Head of Production Excellence, при што Head of Content ќе биде новиот креативен директор на Hexe.

Развојот на Assassin’s Creed Hexe ќе продолжи со нов креативен директор

Според извештај на VGC, портпарол открил дека креативниот директор на Assassin’s Creed Hexe, Клинт Хокинг, ќе ја напушти Ubisoft. Портпаролот исто така открил дека развојот на насловот ќе продолжи „со искусен тим“, а искуството ќе биде „нешто препознатливо и различно во рамки на франшизата Assassin’s Creed“. Повеќе информации ќе бидат споделени од студиото „во иднина“.

Во извештајот се наведува дека Assassin’s Creed Hexe добива нов креативен директор: Жан Гедон, новиот Head of Content за франшизата. Гедон е искусен креативен директор, бидејќи ја извршувал таа улога и на Assassin’s Creed: Origins и на Assassin’s Creed: Black Flag.

Најскоро, добивме информации дека Assassin’s Creed Codename Hexe го ангажирал својот главен сценарист, кој работел на сценаријата за Origins, Valhalla и Mirage. Дополнително, она што досега се знае за играта е дека ќе биде повеќе во стилот на старите Assassin’s Creed игри, каде што ќе играте како женски протагонист по име Елса, сместено во Средна Европа за време на Светото Римско Царство во 16 век.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!