Capcom работат на 5 Resident Evil игри

Според новиот извештај, што го добивме денес од инсајдери, Capcom симултано работат на пет игри од серијалот Resident Evil, од кои едната е Resident Evil 9!Таа игра е директен потком и продолжение на фамозната Resident Evil Village. Со оглед на успехот на новите главни изданија, како Resident Evil 7 и Resident Evil Village, како и успехот на неодамнешните преработки, како што се Resident Evil 2 и Resident Evil 4, не е изненадувачки што има повеќе од една игра на Resident Evil во изработка од Capcom. Но 5 симултано… е тоа е сериозно.

Во извештајот нормално се спомнува Resident Evil 9, но нема друг специфичен наслов. Ова ни кажува дека ќе имаме уште четири RE игри што немаме поим што би биле тие. Една е секако римејк, тоа барем го знаеме. Веројатните кандидати вклучуваат Resident Evil: Code Veronica и Resident Evil 5. Resident Evil 0 е исто така опција. Ова остава најмалку две, ако не и три ненајавени игри. За таа цел, нема да бидеме изненадени доколку се работи за некој вид на лајф-сервис игра, можеби дури и игра која повеќе се приклонува кон жанрот за преживување, бидејќи е доста популарна во моментов. Сепак, сето ова е шпекулација одвоена од извештајот, кој доаѓа од Dusk Golem.

Кога станува збор за Resident Evil, овој извор се смета за еден од најдобрите за RE, бидејќи сепак Dusk Golem беше во право за многу работи кога станува збор за франшизата. Што се однесува до Capcom, тие не го коментираа овој извештај во никакво својство, ниту шпекулациите што ги создаде. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини.

МАРКЕТИНГ

Пред Rainbow Six Siege, Ubisoft објави две игри од серијалот Rainbow Six: Vegas за PS3 и Xbox 360. Сега, нов извештај сугерира дека е во развој и трета игра од серијалот Rainbow Six: Vegas, со која франшизата би продолжила надвор од Siege.

Што знаеме за Rainbow Six: Vegas 3?

Ubisoft сè уште официјално не ја најавила Rainbow Six: Vegas 3, но Insider Gaming тврди дека играта е во развој. Медиумот има сигурна историја на објавување информации за Ubisoft-проекти што се во развој, што значително ја зголемува веројатноста дека играта навистина постои. Според извештајот, Vegas 3 го носи кодното име Spades и е еден од трите нови проекти за кои неодамна е дадено зелено светло во Ubisoft Montreal.

Во извештајот нема дополнителни детали за тоа како би изгледала новата игра Rainbow Six: Vegas или како би се играла. Сепак, постарите игри од серијалот Rainbow Six не беа чисто натпреварувачки пукачки игри како Siege. Стануваше збор за тактички пукачки игри со кампањи за еден играч водени од приказна, како и дополнителни мултиплеер-режими што комбинираа гејмплеј во прво и трето лице.

Поминаа повеќе од 18 години од објавувањето на последната игра Rainbow Six: Vegas, но лесно е да се замисли како Vegas 3 би можела да биде модерна кооперативна пукачка игра или Rainbow Six-игра поблиска до Call of Duty. Затоа ќе биде интересно да се види во која насока ќе тргне Ubisoft Montreal, кој сега е дел од Vantage Studios, и како играта ќе се разликува од Siege, која досега има импресивен 11-годишен период на поддршка со нови содржини и ажурирања.

Дури во последните години Ubisoft конечно почна повторно да го проширува серијалот со нови игри Rainbow Six. Компанијата објави мобилни игри што подоцна беа отстранети од продавниците, а на Gamescom претходно оваа година ја претстави и Rainbow Six Tactics. Сега, оваа шпекулација сугерира дека Ubisoft е подготвена да го врати и класичниот концепт на Rainbow Six.

Rainbow Six: Vegas 3 сè уште не е официјално најавена, па не е познато кога би можела да излезе. Сезоната Operation Vital Signal за Rainbow Six Siege ќе биде претставена овој викенд, додека Rainbow Six Tactics треба да излезе во 2027 година.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!