Capcom работат на 5 Resident Evil игри

Според новиот извештај, што го добивме денес од инсајдери, Capcom симултано работат на пет игри од серијалот Resident Evil, од кои едната е Resident Evil 9!Таа игра е директен потком и продолжение на фамозната Resident Evil Village. Со оглед на успехот на новите главни изданија, како Resident Evil 7 и Resident Evil Village, како и успехот на неодамнешните преработки, како што се Resident Evil 2 и Resident Evil 4, не е изненадувачки што има повеќе од една игра на Resident Evil во изработка од Capcom. Но 5 симултано… е тоа е сериозно.

Во извештајот нормално се спомнува Resident Evil 9, но нема друг специфичен наслов. Ова ни кажува дека ќе имаме уште четири RE игри што немаме поим што би биле тие. Една е секако римејк, тоа барем го знаеме. Веројатните кандидати вклучуваат Resident Evil: Code Veronica и Resident Evil 5. Resident Evil 0 е исто така опција. Ова остава најмалку две, ако не и три ненајавени игри. За таа цел, нема да бидеме изненадени доколку се работи за некој вид на лајф-сервис игра, можеби дури и игра која повеќе се приклонува кон жанрот за преживување, бидејќи е доста популарна во моментов. Сепак, сето ова е шпекулација одвоена од извештајот, кој доаѓа од Dusk Golem.

Кога станува збор за Resident Evil, овој извор се смета за еден од најдобрите за RE, бидејќи сепак Dusk Golem беше во право за многу работи кога станува збор за франшизата. Што се однесува до Capcom, тие не го коментираа овој извештај во никакво својство, ниту шпекулациите што ги создаде. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини.

МАРКЕТИНГ

Една од најголемите претстојни игри на Марвел доби уште една шанса. Според објава на социјалната мрежа X од новинарот на „Блумберг“, Џејсон Шрајер, Marvel 1943: Rise of Hydra не е откажана, и покрај спротивните гласини.

Околу 30 вработени во Paramount Games добија отказ по спојувањето на Warner Bros. и Paramount. Skydance исто така нуди финансиски надоместоци за вработените кои ќе заминат од компанијата додека се обидува да го намали бројот на вработени и да бара од персоналот да се врати во канцелариите пет дена неделно.

Иако се чинеше дека долго развиваната игра на Paramount Games Studio, Marvel 1943: Rise of Hydra, би можела да биде една од жртвите на сеопфатните промени во Skydance, Шрајер напиша на X дека „Skydance Games денеска попладне преку Slack му соопштила на тимот што ја развива Marvel 1943: Rise of Hydra дека играта не е откажана, и покрај широко распространетата гласина на Твитер денеска дека тоа се случило“.

Kotaku ја потврди оваа информација врз основа на порака од извршниот продуцент на Skydance, Лу Џилиоти.

„Се разбира, оваа ситуација многу лесно би можела да се промени со оглед на неизвесноста во Skydance додека се одвива преземањето на WB“, напиша Џилиоти на Slack на Skydance. „Единственото нешто што можам со сигурност да го потврдам во моментов е она што компанијата им го соопшти на вработените денеска, а тоа е дека развојот продолжува додека работат на следната фаза.“

Marvel 1943: Rise of Hydra првпат беше најавена во 2021 година. Нејзини копродуцент и коавтор е поранешната вработена во Naughty Dog, Ејми Хениг, која ја создаде серијата Uncharted и режираше неколку игри од серијата Legacy of Kain. Откако ја напушти Naughty Dog во 2014 година, Хениг се приклучи на Visceral Games за да работи на неименувана игра од Star Wars. EA го затвори студиото Visceral во 2017 година, а Хениг ѝ се приклучи на Skydance Media во 2019 година.

Skydance првпат откри дека работи на нова акциско-авантуристичка игра на Марвел во 2021 година, а во 2022 година појасни дека во неа ќе се појават Капетан Америка и Црниот Пантер. Во ажурирањето од 2024 година беше објавен насловот Marvel 1943: Rise of Hydra и беше соопштено дека играта ќе се базира на Captain America/Black Panther: Flags of Our Father, ограничена стрип-серија од 2010 година на Реџиналд Хадлин и Денис Кауан.

Играта ги следи Стив Роџерс и Азури, Црниот Пантер, кои се здружуваат во Франција под нацистичка окупација за време на Втората светска војна. Играта првично беше планирана за празничниот период во 2025 година, но потоа беше одложена за почетокот на 2026 година. Во јуни 2026 година, објавувањето беше одложено за најрано во 2027 година.

Marvel 1943: Rise of Hydra првично беше замислена како игра за Netflix, па затоа има малку интеракција и главно користи едно копче. Во текот на развојот беше пренасочена кон наслов за конзоли и PC, а должината и опсегот на играта беа намалени. Според извештаите, играта го надминала предвидениот буџет, но е блиску до завршување.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!