Capcom работат на 5 Resident Evil игри

Според новиот извештај, што го добивме денес од инсајдери, Capcom симултано работат на пет игри од серијалот Resident Evil, од кои едната е Resident Evil 9!Таа игра е директен потком и продолжение на фамозната Resident Evil Village. Со оглед на успехот на новите главни изданија, како Resident Evil 7 и Resident Evil Village, како и успехот на неодамнешните преработки, како што се Resident Evil 2 и Resident Evil 4, не е изненадувачки што има повеќе од една игра на Resident Evil во изработка од Capcom. Но 5 симултано… е тоа е сериозно.

Во извештајот нормално се спомнува Resident Evil 9, но нема друг специфичен наслов. Ова ни кажува дека ќе имаме уште четири RE игри што немаме поим што би биле тие. Една е секако римејк, тоа барем го знаеме. Веројатните кандидати вклучуваат Resident Evil: Code Veronica и Resident Evil 5. Resident Evil 0 е исто така опција. Ова остава најмалку две, ако не и три ненајавени игри. За таа цел, нема да бидеме изненадени доколку се работи за некој вид на лајф-сервис игра, можеби дури и игра која повеќе се приклонува кон жанрот за преживување, бидејќи е доста популарна во моментов. Сепак, сето ова е шпекулација одвоена од извештајот, кој доаѓа од Dusk Golem.

Кога станува збор за Resident Evil, овој извор се смета за еден од најдобрите за RE, бидејќи сепак Dusk Golem беше во право за многу работи кога станува збор за франшизата. Што се однесува до Capcom, тие не го коментираа овој извештај во никакво својство, ниту шпекулациите што ги создаде. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини.

МАРКЕТИНГ

Судбината на следната игра од креаторот на Doom, Џон Ромеро, беше доведена во прашање откако Xbox го откажа проектот минатата година. За среќа, Ромеро во ново интервју потврди дека проектот сепак ќе биде реализиран, бидејќи неговото студио пронашло нов издавач.

Romero Games пронајде нов издавач

Џон Ромеро и неговата сопруга, дизајнерката на видеоигри Бренда Ромеро, го основаа студиото Romero Games пред повеќе од една деценија, а досега ги создадоа Gunman Taco Truck, Empire of Sin и епизодите Sigil во Doom + Doom II. Студиото планираше да направи исчекор кон развој на ААА-акциски игри со помош на Xbox Game Studios, но Xbox го откажа проектот за време на масовните отпуштања во 2025 година. Како последица на тоа, Romero Games мораше да отпушти уште дел од своите програмери.

Во неодамнешно интервју за Video Games Chronicle, Џон Ромеро откри повеќе детали за патот на проектот и потврди дека конечно успеал повторно да вработи дел од програмерите што претходно морал да ги отпушти. Romero Games првично го намалил бројот на вработени од 110 на само петмина, бидејќи не можел да најде финансирање. Сепак, студиото ги задржало сите права на интелектуална сопственост поврзани со проектот и на крајот пронашло издавач кој ќе го преземе.

„Едноставно контактирав со некого што го познавав и во основа склучивме договор, така што сега имаме нов издавач“, откри Ромеро, додавајќи дека „не може да каже кој е, кога ќе биде најавен или што било друго во врска со тоа“.

Во октомври 2026 година, Romero Games има околу 15 вработени програмери. Играта соодветно го промени својот опсег, а Ромеро признава дека помалиот тим не би можел да ја заврши играта онака како што првично била замислена во рамките на договорот со Xbox.

„Значи, ова е целосно редизајнирање на сосема поинаква игра, но користи голем дел од работата што ја имавме во претходните игри. На пример, тука се сите овие ликови што можеме да ги префрлиме“, објасни Ромеро. „Графика, програмски код, средства – мислам, игрите со пукање имаат многу заеднички код – така што префрливме голем број работи во новата игра, што ни даде значителна предност, почнувајќи со навистина одлична графика, интересни оружја и сè останато од тој вид“.

Без оглед на тоа каква конечна форма ќе добие следната игра на Romero Games, одлично е да се види дека делови од оригиналниот проект биле корисни и дека на некаков начин сепак ќе бидат реализирани. Други студија погодени на сличен начин немаа таква среќа.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!