Capcom работат на 5 Resident Evil игри

Според новиот извештај, што го добивме денес од инсајдери, Capcom симултано работат на пет игри од серијалот Resident Evil, од кои едната е Resident Evil 9!Таа игра е директен потком и продолжение на фамозната Resident Evil Village. Со оглед на успехот на новите главни изданија, како Resident Evil 7 и Resident Evil Village, како и успехот на неодамнешните преработки, како што се Resident Evil 2 и Resident Evil 4, не е изненадувачки што има повеќе од една игра на Resident Evil во изработка од Capcom. Но 5 симултано… е тоа е сериозно.

Во извештајот нормално се спомнува Resident Evil 9, но нема друг специфичен наслов. Ова ни кажува дека ќе имаме уште четири RE игри што немаме поим што би биле тие. Една е секако римејк, тоа барем го знаеме. Веројатните кандидати вклучуваат Resident Evil: Code Veronica и Resident Evil 5. Resident Evil 0 е исто така опција. Ова остава најмалку две, ако не и три ненајавени игри. За таа цел, нема да бидеме изненадени доколку се работи за некој вид на лајф-сервис игра, можеби дури и игра која повеќе се приклонува кон жанрот за преживување, бидејќи е доста популарна во моментов. Сепак, сето ова е шпекулација одвоена од извештајот, кој доаѓа од Dusk Golem.

Кога станува збор за Resident Evil, овој извор се смета за еден од најдобрите за RE, бидејќи сепак Dusk Golem беше во право за многу работи кога станува збор за франшизата. Што се однесува до Capcom, тие не го коментираа овој извештај во никакво својство, ниту шпекулациите што ги создаде. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN