BlizzCon се враќа во 2023

Blizzard го враќа својот популарен годишен гејминг настан BlizzCon во 2023 година, иако во моментов не е јасно дали настанот ќе биде со посетители и фанови, онлајн или ќе биде само хибриден настан. Враќањето на BlizzCon го потврди Mike Ybarra, претседателот на Blizzard Entertainment, кој се осврна на статусот на BlizzCon во завршниот пост на крајот на годината, зборувајќи за тоа што компанијата направила во изминатата година и што планираат да прават во иднина.

Написот на Ybarra за 2022 година само накратко ја допре темата BlizzCon во преглед на различни кадровски промени што беа направени внатрешно во Blizzard оваа година. Тие промени го вклучија назначувањето на April McKee, поранешниот директор на XBOX Gaming како извршен продуцент на Blizzard за BlizzCon (McKee ја извршуваше работата уште од февруари 2022 година и покрај тоа што немаше BlizzCon оваа година).

Ќе има BlizzCon во 2023 година, изјави Ybarra, а претседателот на Blizzard потврди „Да, го враќаме BlizzCon!“. Ќе слушнеме повеќе за плановите за настанот во 2023 година на почетокот на самата година, иако не беше дадена временска рамка за тоа кога точно ќе слушнеме за плановите на Blizzard.

За контекст на минатите настани на Blizzard, еден се одржа во 2021 година, но тоа беше само онлајн настан бидејќи Blizzard и другите организатори на настани се мачеа да најдат начин како да направат такво големо нешто да биде поблиску до самите фанови. Причината беше големата COVID панедимија која што тој период беше во најжешките моменти! Меѓу другите најави, добивме нов изглед на некои преработени верзии на хероите на Overwatch за Overwatch 2. Сепак, BlizzCon 2022 не се случи во каква било форма, бидејќи Blizzard одлучи да го откаже настанот целосно оваа година. Додека загриженоста за СОВИД сè уште беше фактор, Blizzard беше особено во средината на тужба против Activision Blizzard.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”