“Death Stranding филмот нема да има Допирни Точки со Играта” изјави Hideo Kojima

Еден од најпознатите креатори на видео игри во изминативе децении – Hideo Kojima фрли повеќе светлина врз неговите планови за претстојната филмска адаптација на еден од неговите гејминг хитови – Death Stranding. Во изминатата недела, Kojima Productions и Hammerstone Studios објавија дека се работи на филм заснован на PS4 играта од 2019 година – Death Stranding. И додека деталите се уште се мали и слаби кога станува збор за тоа кој ќе го напише, режира и глуми проектот, самиот Kojima смета дека филмот ќе нема многу допирни точки со играта. Иако Kojima ќе има доста добра функција сепак нема целиот проект да зависи од него. Он сака да ја смени приказната, но сепак многу од работите нема он да ги прави што е и нормално, не е он режисер.

Во разговор со IGN, Kojima поотворено зборуваше за тоа како се приближува кон снимањето на филмот Death Stranding. Долгогодишниот директор на игри рече дека има многу опции на маса кога станува збор за снимање филм од луѓето кои што работат во филмската индустрија, но изјави дека голем број понуди што ги добил не се во согласност со неговата сопствена визија. И додека Kojima призна дека сè уште не ги знае сите детали за оваа нова адаптација на Death Stranding, не звучи дека главниот протагонист на играта, Sam Porter Bridges, гарантирано е вклучен во филмот! Е тогаш навистина филмот ќе нема допирни точки со играта доколку Norman Reedus не се врати во улогата на Sam.

“We haven’t quite decided that yet. The failure of film adaptations of games from a while back has led to a lot of movies that cater to gamers, right? That’s why they have the same kind of look as a game. I don’t want the Death Stranding movie to be like that. Rather, I’m taking the approach of changing and evolving the world of Death Stranding in a way that suits film well. I made Death Stranding to be a game, and games are games. There’s no real need to turn them into films. So in a way, the Death Stranding movie is taking a direction that nobody has tried before with a movie adaptation of a game.”

Hideo Kojima

Повторно, вреди да се нагласи дека овој филм – Death Stranding е сè уште во раните фази на развој, па затоа е тешко да се знае точно како би можел да излезе во иднина. Сепак, јасно е дека Kojima и оние кои работат во Kojima Productions имаат многу поинаков пристап кон овој проект, особено кога се споредуваат со други ТВ и филмски проекти како The Last of Us, God of War и Uncharted кои бараат подиректно да позајмуваат идеи и елементи на приказната од нивните колеги за видео игри.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Black Myth: Wukong ќе го добие првото DLC или проширувања на почетокот на 2025 година.

Според аналитичарот Даниел Камило, DLC за Black Myth: Wukong се очекува да биде објавено некаде околу Кинеската Нова година. Тоа би го ставило на, или околу, крајот на јануари. Објавата за плановите може да дојде некаде во декември.

Што се однесува до тоа што би вклучувало DLC за играта, тоа засега е непознато. Сепак, Камило додаде дека и покрај тоа што играта продаде повеќе од 20+ милиони копии, тој очекува DLC да биде купено само од 20% од вкупната база на играчи. Тој вели дека тоа се должи на голем број фактори како што се тежината на играта и 70% од продажбата во Кина каде што „новината и гордоста на нацијата“ на играта дотогаш се истрошиле.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!