Amazon Games започнуваат да соработуваат со Disruptive Games, студиото зад Tony Hawk’s Pro Skater 1 + 2 и Diablo II: Resurrected, за да создаде ново IP кое што треба да се појави на различни платфоми (PC, конзоли и мобилни). Опишано од Amazon Games како “Multiplayer Action/Adventure CO-OP Game” и натпреварувачка игра, ова ново искуство се чини дека е сместено во постапокалитичен или повоен свет. Оваа опсервација доаѓа од две дела на концептуална уметност кои покажуваат урнати авиони кои се чини дека се многу стари, дека подолго време стоеле на тие места.
Луѓето прикажани во овие уметнички дела држат примитивно оружје, како што е пушка со бајонет (нож) на пушката. Се чини дека еден од ликовите има механички нозе. Неколку од овие суштества носат и слушалки со висока антена, најверојатно за кооперативна комуникација.
Во изјавата за медиумите, Christoph Hartmann, потпретседателот на Amazon Games, вели дека можеме да очекуваме нешто поразлично од ова искуство со повеќе играчи. „Талентираниот тим на Disruptive Games создава нов поглед на жанрот акција-авантура со повеќе играчи, со силен дизајн на игри и богата градба на светот што ние сме возбудени да им помогнеме да им ги донесеме на играчите“.