Pokémon TCG добива Дигитална Верзија

The Pokémon Company ја претстави Pokémon TCG Pocket, нова мобилна игра со познатите карти кои што служат за трејдање, која доаѓа некаде во 2024 година. Девелоперите не споделија точен датум на објавување за време на денешната изложба на Pokémon Presents, која беше релативно кратка.

Pokémon TCG Pocket ќе им дозволи на играчите да собираат и разменуваат карти како и обично. Сепак, воведува и Брзи битки, опишани како скратена верзија на класичната игра со карти за трејдање. Исто така, ќе има извонредни карти кои имаат специјални дигитални ефекти. Некои карти можат дури и да дејствуваат како прозорци, каде играчите буквално влегуваат во сцената прикажана на картичката.

Денешниот трејлер додава дека играчите ќе можат да отвораат два пакетчиња бесплатно секој ден. Голем дел од трејлерот беше фокусиран на отворање на сосема нови дигитални пакетчиња на екранот. Така, открија и различни карти кои ќе се појават во Pokémon TCG Pocket. Ова ги вклучува познатите карти како Charizard ex, Pikachu ex и многу повеќе.

Фановите може да споредат некои од 3D ефектите и честичките во Pokémon TCG Pocket со Marvel Snap. Побрзото темпо е исто така прилично слично, но Покемон беше паметен да додаде свој вкус со други карактеристики. Играчите на TCG дефинитивно ќе го ценат овој пристап пријателски за мобилни телефони. Pokémon TCG Live неодамна го замени Pokémon TCG Online, но транзицијата беше малку груба за некои.

Pokémon TCG Pocket треба да биде поудобен начин за прикрадување на натпреварите во текот на денот. Оваа нова игра беше развиена во партнерство со DeNA, која исто така работеше на Pokémon Masters EX.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN