Nintendo Switch 2 – Рецензија

Nintendo Switch 2 во Македонија како и многу други работи малку заглави на царина, не го добивме на прв ден како што беше планирано, па ние коишто бевме љубопитни да го истестиравме и маста да му ја извадиме, моравме малку да запалиме кола и да одиме кај нашиот јужен сосед. Нема да навлегуваме во детали за тоа, но сепак доколку некој го интересира, конзолата е купена од Грција. Со ЕДИНСТВЕНАТА игра којашто беше нова и достапна да се купи цената беше како таа што си беше најавена.

Switch 2 е конзолата којашто долго време се очекуваше да ја добиеме, многу често се запрашувам и зошто тоа го мислев дека ја чекам и посакувам … Уште од моментот кога протече хардверот којшто ќе се користи во самата конзола беше јасно дека овој Switch 2 ќе биде само малку подобрен, но во секој друг аспект ќе биде истиот уред. Со многу минимални промени. Дали тоа разочарува? Сакам да кажам да многу, но сепак подоле ќе сфатите подобро.

Оваа рецензија ја пишувам после целосно поминати 24 часа со уредот и конзолата, тестиран за се што е потребно и сметам дека 24 часа користење е максимално време за колку треба и може да се ужива со овој уред на којшто му е ставено само бројка во името и како што кажав само некои работи се подобрени. Од одма морам да кажам дека чувството на купување Свич 2 би можел да го споредам на едноставен начин. Мобилните уреди на самсунг имаат повеќе серии како S, A, M … Доколку сте користеле A или M серија на Самсунг мобилен уред и сте биле задоволни, кога ќе земете S серија веднаш чувствувате промена и квалитет. Епа A серија е Switch 1, S серија е Switch 2.

Nintendo Switch 2, Фото: Марио Спасевски, GG.MK

Квалитетот на Switch 2 е единственото позитивно нешто…

Како што кажав погоре, споредбата со Самсунг мобилните уреди, навистина не може да се опише колку Switch 2 е подобрен во квалитет во секој аспект од првиот свич и Свич Олед (освен во екранот, не се рамни со Олед). Ќе почнам прво да зборам за екранот којшто поради некоја причина во 2025 година е LCD, но сепак за зачувување на батерија ќе се преживее и LCD додека не дојде OLED верзијата. Прилично голем уред со 7.9″ екран којшто за мене лично е малку поголем од што би сакал да биде. За некои луѓе па може и екранот да е мал, но јас преферирам барем малку поголем од телефон, ова е многу повеќе од мобилниот уред којшто моментално го користите или ви е ставен во близина.

Екранот е Full HD со поддршка на 120FPS, HDR, VRR и сите можни чуда. Доколку на стариот уред можевте да ги гледате пикселите во игрите, овде едноставно можете да уживате во вашите омилени Нинтендо светови. Уште од моментот кога ќе стиснете Power On, одма се гледа драстичната промена којашто е за плакнење очи. Ако сакате пак споредба, доколку се промените од добар Full HD телевизор на 4K телевизор, епа такво е чувството.

Оној грдиот и најглупавиот држач којшто доаѓање со стариот уред, којшто подоцна го средија на оледот, но сепак на првиот модел никако не си ја вршеше својата функција бидејќи дизајнерот очигледно не знаел што прави … Во новиот уред Switch 2 е направен маестрално. Многу наликува како држачот на ОЛЕД уредот само што има дупка во самиот држач за полесно и секакво местење. Како сакате можете да го наместите уредот па дури и можете повеќе сила да употребите на држачот. Шансите да се скрши, пукне или нешто да му се случи се многу помали од порано. Нормално ако го форсирате тоа ќе пукне … Пластика е … Но сепак за секојдневно користење е маестрално квалитетно направен.

Свич секогаш за мене бил уред којшто примарно сакам да го играм во таблет верзијата, многу ретко сакав да го играм на ТВ. Кога веќе е рачен уред, сакам да го користам за тоа што е наменет. Да, супер е и да се стави во „Докот“ и да си се поврзе тоа на телевизор, но сепак на крај на денот таблет моментот ми е тоа што ме исполнуваше. Но … 4К резолуција дами и господа … Не знам како би го играл во Таблет верзија овој уред. Мора да се види и почувствува тоа што е за 4К во док верзија, бидејќи сепак разликата се приметува и тоа драааастично многу!

Но сепак колку и да убаво да се игра и во таблет форма и во ДОК форма на телевизор, целиот уред, и таблетот и докот се МАГНЕТИ за прсти и прашина. Во секунда се лепи се на него, ужасно премногу остануваат отисоците од рацете и прстите на уредот, а посебно на докот. Тој треба да се земе внимателно, да се стави на полица, да се исчистат отисоците каде што е фаќан и после само да се чисти од прашина.

Nintendo Switch 2, Фото: Марио Спасевски, GG.MK

Уредот е многу цврст!

Под цврст не значи дека вие можете да го мавате од земја, или да му удирате боксови и да издржи, под цврст подразбирам на колку е добро изработен, специфично за многу скептичните моменти. Уште од самото претставување сите станаа скептици како новите Joy-Cons (контролери) коишто овој пат се на магнет, ќе бидат издржливи. Контролерите всушност се држат на една плочка којашто ги конектира, и сите кренаа паника дека уште во првиот момент тие ќе бидат скршени. Да … можат да се скршат ако сте лудаци и стварно сакате да го скршите … Но Нинтендо имаат направено фора а тоа е дека не се стабилни, туку малку се мрдаат што доколку и вие со сила сакате да ги извадите контролерите, тие ќе излезат. Под сила мислам на желба стварно да ги откорнете.

Така што, немојте да се плашите од никакво кршење на контролерите, од запците/плочките коишто ги држат контролерите и од ништо такво. Интересно е што контролерите можете да ги ставите како сакате. Не е потребно синиот на сината страна или црвениот на црвената страна. Можете и обратно да ги ставите, ако мислите дека можете да играте обратно … Но исто така можете да ги свртите и целосно од другата страна … Спидранери веќе го прават ова.

Материјалот на копчињата е доста квалитетен. Целиот материјал, посебно копчињата се облиени со специјална облога што ги прави A-B-X-Y и Up-Down-Left-Right да се под облогата. Со ова веројатно никогаш нема да доведе до обледување на копчињата. Но сепак и тие копчиња се малку чуднички и малку болат прстите после неколку часа играње на … повторно мора да се спомне … Единствената нова игра којашто е достапна уште од прв ден – Mario Kart World.

Болат прсти од Копчињата

Во овие 24 часа од како го имам и тестирам новиот Свич 2 извозев голем број на трки во новата Марио Карт и извозев многу километри низ целиот отворен свет којшто го нуди самата игра. Многу пати требаше да правам пауза од неколку минути поради тоа што прстите страшно многу ме убиваа поради чудните копчиња коишто го имаше контролерот. Од тригерите не толку, тригерите се предобро направени, но сепак копчињата можеби дека се помали за разлика од други големи контролери, навистина ме убиваа.

Копчињата се буквално исти како и од стариот Свич уред, но сепак овој пат дали дека е нешто ново, дали облогата е малку појака од што е потребно, новите копчиња за мене лично се голема негативна работа. Можеби не сум навикнат толку долго да гејмам на Нинтендо Свич, но сепак се чувствував како да гејмам на многу лоша изработена конзола со лоша пластика …

Најдобар предлог е да ја играте конзолата со контролерот на којшто се закачуваат малите џој-кони. Овој пат иако изгледа најглупаво на цел свет како и минатата генерација … е мноооогу подобро и поквалитетно изработен.

Nintendo Switch 2 Joy-Cons

Дали вреди Switch 2?

Честитки ако си од оние што само „скролна“ најдоле да го прочиташ ова, не е лошо ни тоа. Но сепак, доколку се прочита и стигна до тука браво и за тебе. Дали вреди Switch 2 е најдоброто прашање од аспект на цена, колку нови игри има достапни на прв ден, колку е новата цена на игри и сите други работи. Веднаш би кажал дека одговорот на прашањето Дали вреди е најтешко да се одговори и би кажал директно „ДА и НЕ“.

Зошто не вреди -Многу е скап уредот и многу се скапи новите игри. За тоа што го добивате навистина толкава голема сума на пари не вреди. Да дадете 500 евра на уред којшто доаѓа само со една игра, којашто не е нова сериозна Марио или Зелда игра, туку е само Марио факинг Карт игра, којашто е добра но сепак е КАРТ, е многу глупаво искрено … Доколку имате стара конзола свич не вреди ниту малку да правите ажурирање од тоа да вложите во нешто ново. Доколку имате се изиграно, и не сакате повторно да ги играте сите игри во подобра резолуција нема никаква поента сè уште да се купува.

Зошто вреди – Се работи за нова конзола. Да не се лажеме првата и главна причина зошто вреди да се купи е дека се работи за тотално нова конзола којашто можеби пред тоа имало нешто слично, но сепак ова е ново и многу подобро … Настрана од тоа, Switch 2 вреди и поради неколку други работи. Како на пример доколку сакате да имате Switch нов, можеби е глупо и скапо но е подобро да се вложува во оваа конзола за разлика од стариот свич уред. Најдобро е да вложите во овој нов модел со тоа што доколку сакате да ги играте старите игри, доколку ги немате играно, ќе си барате луѓе коишто ќе ви ги донираат за да ги изиграте. Единствена причина зошто би го предложил е само доколку сте немале. Нема друга причина искрено … или не знам што друго би кажал.

Кога е најдобро да се купи – Како што кажав и погоре, веднаш доколку имате финансии да вложите и сакате, но доколку не ви е мерак, почекајте да излезат нови игри коишто ќе ви фатат око.

Nintendo Switch 2, Фото: Марио Спасевски, GG.MK

МАРКЕТИНГ

Game Freak е студио чие име со години речиси автоматски се поврзува со Pokémon. Но, по толку време поминато во развивање на една од најголемите гејминг франшизи во светот, јапонското студио реши да се оддалечи од добро познатата формула и да се обиде со нешто сосема поинакво. Резултатот е Beast of Reincarnation, акциона игра што ги заменува шарените светови со едноставна и детска атмосфера и малку стана постапокалиптична земја со опасни чудовишта, брзи борби и приказна за човечноста, загубата и поврзаноста.

На прв поглед, играта има речиси сè што би можело да привлече љубители на жанрот. Колку и да сакам да кажам на Соулс жанрот, сепак тоа за жал е само во визијата, желбите и визиите на креаторите на играта. Но сепак, можеме да видиме интересен свет, во центарот на вниманието е главниот лик Ема, девојка која поради инфекцијата ги изгубила своите човечки емоции и сеќавањата од минатото и нејзина задажа е да го спаси светот. Го има најубавиот придружник Волк, бидејќи сите сакаме голем волк да ни е најдобар другар. Но, зад амбициозната презентација на играта има едно многу главно нешто. Играта премногу сака да биде малото братче на Секиро коешто кога ќе порасне сака да биде Секиро и да се искачи на врвот, но сепак на врвот сака да се качи со лифт, не по скали.

Светот е преубав, но само во првите неколку часа

Приказната во Beast of Reincarnation нè носи во 4026 година, во свет кој е речиси целосно уништен од феномен познат како Blight. Јапонија е претворена во постапокалиптична земја во која природата, растенијата и технологијата се испреплетуваат на необичен начин, додека некогашните цивилизации се само остатоци од минатото. Blight не е само обична катастрофа што ја уништила човечката цивилизација. Тоа е инфекција што го менува живиот свет, создавајќи опасни суштества наречени Malefacts. Зад оваа појава стои мистериозниот Beast of Reincarnation, суштество чија моќ повторно се буди на секои сто години и претставува закана за опстанокот на човештвото.

Game Freak направиле многу интересен начин за раскажување на приказната. Наместо постојано да ги објаснува сите детали за светот, играта остава простор за откривање на неговото минато преку разговори, истражување и мали моменти во текот на патувањето. Не е на ниво на Elden Ring за и кога би завршил да не знаеш ништо, овде има смисла.

Забавата трае се до моментот кога сфаќаш дека скоро сите зони се истиот концепт, не можеш никако ни секунда да се изгубиш, и станува една иста досадна формула којашто нема смисла. За среќа, секогаш има светло на крајот од тунелот, па затоа понатамошните зони во играта стануваат интересни.

Но, јас искрено не сфатив зошто светот е толку преполнет. Буквално на секој чекар има кампски оган и на секаде има работи расфрлани низ светот. Во секоја Соулс и Соулслајк игра концептот е да има многу малку огнови за да се чувстува тежината, но во Beast of Reincarnation ми се смачи кога ги гледав буквално на секој чекор непотребно оставени. И целиот концепт во сите зони е да влезеш, да одиш само право, да го утепаш непријателот на крај и тоа е тоа.

Свет не се спасува сам, секогаш мораш да имаш сопатник

Една од најважните одлуки на Game Freak е тоа што не се обиделе да го претворат „Ку“ (волкот) во обичен придружник што служи само за визуелно надополнување на главниот лик. Сите ги знаеме тие игри. Односот на Девојката и Волкот е во центарот на приказната, а истовремено претставува и основа врз која се гради голем дел од механиките.

Морам да признаам дека Ку ми стана еден од омилените придружници што сум ги имал во било која игра што сум ја играл. Главна причина за тоа е бидејќи се работи за многу јак лик со предобри и силни моќи што во секое време спасува ситуација. И интересно како Ку може и да згази непријатели, но може да те држи и тебе во живот ако сакаш да си Тенк, а не само Демиџ.

Ку е придружник што цело време кога има борби ти го контролираш што да прави. Контролираш дали сака да напаѓа одма непријатели, да е фокусиран да го лечи карактерот, но сепак си има и свои напади коишто како во голем број RPG игри бираш каков напад сакаш да направи. Конкретно кажано се отвара еден „JRPG Панел“ и се прави такви напади. Секој напад има свои позитиви и негативи, но секогаш е позитивно.

Колку и да го обожавам со тоа што ми помагаше во секоја борба, мислам дека целиот концепт на Ку не беше искористен како што имале привично замислено. Очекував да има на моменти со него да решавам загатки, да се прават некакви привлекувања на непријатели. Но буквално е ставен само за борби и ништо друго.

Но интересно е што Ема има многу интересни способности. Нејзината коса може да се продолжува и да функционира како алатка за движење. Со неа може да создава „мостови од корења“, па да се искачува на повисоки места и да се префрла преку поголеми празнини. Дополнително тие корења служат и за во борба. Многу интересна механика којашто малку е поинтересна напишана на хартија него во играта, но цело време се користи.

Добивав панични напади од Дрвото со Таленти

Како и во сите RPG игри мора да има едно огромно Дрво со Таленти коешто некаде е масовно, некаде е нормално, но овде ми правеше панични напади колку е непотребно гигантско. Целиот систем на борба за Ема и Ку е заснован на ова дрво, и за сите што сте луди и бркавте Platinum трофеј на PlayStation, се што ќе кажам е – СО СРЕЌА.

Дрвото со таленти овозможува отклучување нови напади, подобрување на постојните способности и промена на начинот на кој функционираат одредени механики. Може да се инвестира во главното оружје што е мач, во оружјата како што е стрелите, но способностите на косата и различните Bloom Arts на Ку.

Особено интересен е фактот што Ема и Ку делат посебни одредени ресурси за напредување, па играчот мора да одлучи како ќе ги распределува достапните поени. И овде настанува паничниот напад бидејќи има премногу и сите се поделени на левели. И за да го отклучиш целото дрво и да излевелираш се на максимум, треба да утепаш повеќе од 4000 непријатели! Сакам да си вратам еден тон од саатите што ги потрошив на фармање! Еден од најдосадните Platinum трофеи што некогаш сум го бркал, па среќа не изугбив уште еден тон саати и ми текна како да го земам последниот трофеј што ми фалеше и да ја баталам играта.

Главните непријатели се предобри, но тотално промашени

Сите механики за парирaње, комбинирање способности и користење на Ку добиваат најголема смисла кога играчот ќе се соочи со главните непријатели. Тоа беа моментите во кои Beast of Reincarnation што играта најдобро ги покажува своите амбиции и способноста да создаде вистински интензивни акциски секвенци.

За разлика од обичните противници, големите непријатели бараат многу подобро разбирање на борбениот систем. Не е доволно постојано да напаѓате и да се надевате дека ќе нанесете доволно штета. Мора да ги препознавате нивните движења, да ги користите можностите за парирaње и да ги активирате способностите на Ку во вистинскиот момент.

Но, сево ова ќе беше уште подобро доколку навистина се чувствуваа како вистински главни непријатели. Јас морам да признаам дека повеќе пат умрев кога се борев против неколку помали непријатели во исто време за разлика од главните непријатели. На почеток ќе умрев од првите, после тоа беше го гледам првпат и го убивам од прва.

Веќе на третото соочување со главен непријател морав да кренам тежина на играта од „Normal“ во „Hard“ од причина што некако ми немаше смисла како тоа доаѓам да се борам со главниот непријател во зоната што треба да ме спречува, да ме мачи и се остнато, и го победувам од прва. Ниту на Hard ништо не беше променето.

Проблемот е во тоа што сите главни непријатели имаа само неколку потези што се прелесни и за Parry и за Dodge во секое време, не прават толку голема штета како тебе на карактер, дури на најтешка тежина Parry Window е многу лесен за фаќање. И кога го кажувам ова звучи многу добро. Но, сепак играта не те мачи толку и тука се сфаќа моментот зошто колку и да сака да биде Соулслајк, сепак направена е да биде акциона игра и да биде наменета буквално за сите.

Единствено што е позитивно и зотшо се предобри е дека се огромни, брзи и убаво изгледаат. Специфично последните непријатели малку се потрудиле повеќе од што треба за да има добар завршеток.

Финални зборови – Голема препорака ако сакате да уживате

Beast of Reincarnation е игра што можеби не успеа целсоно да ги исполни сите мои амбиции и желби уште од првите моменти кога беше најавена. Многу убаво ми ја продадоа, но не се жалам, бидејќи сепак и Platinum трофеј морав да и направам дека нешто ме изнервира малку.

Но дефинитивно покажува дека Game Freak има многу повеќе да понуди отколку што сме навикнати да очекуваме од студиото. Нејзиниот свет не е секогаш доволно разновиден, приказната понекогаш го губи темпото, а некои механики оставаат впечаток дека можеле да бидат подобро разработени.

Сепак, кога борбениот систем ќе дојде до израз, кога Ема и Ку ќе ги искористат своите способности во совршена комбинација и кога играта ќе ги спои сите свои најдобри елементи, станува јасно зошто овој проект заслужува внимание.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!