Elden Ring Tarnished Edition за Nintendo Switch 2 пристигнува на 28 август

Elden Ring

Објавен е датумот на издавање на Elden Ring Tarnished Edition на Nintendo Switch 2, а вклучената содржина ќе биде достапна и на други платформи.

Лансирањето на Switch 2 од страна на Nintendo минатата година значително го зголеми бројот на игри што може да се играат на конзолата, со што се донесоа мноштво наслови што оригиналниот Switch немаше капацитет за перформанси да ги игра во борбата.

Со игри како Call of Duty: Modern Warfare 4 меѓу оние што доаѓаат на Switch 2, списокот на изданија се зголеми дополнително со откривањето на датумот кога Elden Ring ќе слета на платформата.

Со објавување на социјалните медиуми, беше објавено дека Elden Ring Tarnished Edition излегува на Nintendo Switch 2 на 28 август 2026 година, но веста не им се допаѓа само на Nintendo гејмерите.

Следен твит потврди дека дополнителната содржина вклучена во Elden Ring Tarnished Edition ќе биде достапна за купување и на други платформи, а DLC ќе биде објавен на истиот датум.

Tarnished Edition ги вклучува основната игра Elden Ring и Shadow of the Erdtree, заедно со ново оружје, оклопни скинови за Torrent и друго.

Elden Ring беше најавено дека ќе дојде на Switch 2 претходно оваа година со лансирањето на Tarnished Edition, но досега не беше познат прецизен датум на издавање.

Tarnished Edition ќе биде достапно за 79,99 долари на Nintendo Switch 2, и иако специфичната цена за содржината на другите платформи сè уште не е објавена, се очекува да биде околу 5 долари.

МАРКЕТИНГ

Во далечната 1992 година светот ја добива една од најдобрите анимирани серии некогаш направени, X-Men: The Animated Series. Многу години подоцна, во раните 2000ти, јас на некоја телевизија започнувам да ја гледам таа анимирана серија и станувам екстремно голем фан на X-Men. На сите има кажувам денес дека X-Men е мојот омилен тим, и се моите омилени карактери од целиот Марвел Универзум. Дефинитивно Avengers се најискомерцијализирани, но X-Men секогаш си останаа оригинални.

Пред неколку години кога Insomniac Games ја најавија „Marvel’s Wolverine“ добив сериозна емоција и една огромна насмевка на лицето дека после годиништа повторно ќе играме добра и квалитетна Wolverine игра. Нова игра како некои од старите што порано имавме можност да ги играме. Но, колку многу самите се излажавме дека ќе го добиеме тоа исто искуство.

Навистине не очекував толку да бидам разочаран од оваа игра. Сè уште не ми се верува дека студио како Insomniac што зад себе имаат три големи „Marvel’s Spider-Man“ игри, успеаа да направат толку лоша игра од тој универзум што буквално го прави секој играч да се осеќа како Идиот додека игра.

Не знам дали јас сум идиот, или луѓето што ја направија играта

Морам веднаш да го спомнам „слонот во собата“ за тоа колку Marvel’s Wolverine ми направи да се чувствувам како идиот додека ја играм играта. Веројатно на голем дел од луѓето што имаат работено на играта ова им е прв проект, но и веројатно никогаш немаат играно ниту линеарна ниту никаква игра.

Играта е целосно линеарна, но толку целосно што јас како играч немав ниту една секунда момент да си кажам „Охх чекај, дај да се вратам назад само малку да не пропуштив нешто“. Не… не постои тоа… Направено е само за да одиш напред и се што треба да видиш или земеш, и ќе видиш и ќе земеш. Сите „ТАЈНИ“ работи за наоѓање се пред тебе, сите непријатели се пред тебе, се е пред тебе буквално, немаш никаква потреба ни за момент да се свртиш назад.

И бидејќи на луѓето очигледно им е прва игра што ја прават и прва игра што ја имаат играно, решиле дека во линеарна игра каде што одиш само право, ќе ти дадат опција да „следиш сетило“ коешто нормално те води само право каде што треба да одиш. И во случај ако не го сфатиш тоа, имаш дополнително означено предлогче за каде треба да одиш…

Иии… по трети пат ќе кажам, бидејќи не знаат луѓето како се прави игра, уште толку „да ти олеснат“ и да те направат дека ти си очигледно идиот со никакви мозочни клетки, сите делови каде што мораш да се качиш за да одиш напред, во секој случај се огромни кутии, ѕидови, скали кои ти се буквално во лице, и се обележени со боја. Офф мори мајко…

Линија за сетило, преочигледно обележани места каде треба да се движиш, никаков момент да се свртиш назад, има цело време и моменти кога самиот карактери си збори само со себе за што треба да правиш и каде треба да одиш, нели во случај да не заборавиш или не знаеш… Па чекајте малку, вие правите Open-World масивна игра за луѓе ако се губат да им е лесно, или мега досадна линеарна игра.

Но, да не бидам толку брутален, во секоја зона има само по еден момент кога веројатно ќе свртиш малку налево или надесно, само за момент, и ќе се придвижиш кон една друга локација. Тие локации се „Магични Врати“ во кои влегуваш и играш „Кошмари“ кои се сценарија за странични мисии. Сите тие сценрија се временско ограничени игри кои се поделени за да победиш неколку непријатели или брзо да стигнеш со трчање и скокање на некоја цел. Позитивната работа за овие „Кошмари“ е што се добиваат неколку потребни работи за да го појачување на самиот карактер. Малку освежуваат.

Во овие локации кога се влегува служат и како телепортери да можеш да се вратиш во одредена зона од целата игра. Морам да признаам дека не знам како работи тоа, бидејќи не го искористив тој момент ниту еднаш… Целта да се вратиш во одреден момент во играта е доколку нешто си пропуштил, да можеш да го најдеш и да го собереш за сите зони да ти бидат „100%“ завршени.

Но, зошто некој би имал потреба да се враќа назад во некој дел од играта? Доколку пропуштил нешто? Како може да се пропушти воопшто нешто во самава игра кога „скриените работи“ се буквално пред тебе. Изгледа некој во Insomniac Games не го разбира терминот „скриено“ па сите работи што се за собирање за зоната да ти е целосно завршена ти се ставени буквално пред тебе. Не се вратив ниту еднаш во никоја зона бидејќи сите зони на крај ми беа 100% завршени.

Wolverine не е Wolverine

Секогаш кога ќе се спомне Wolverine одма не асоцира на карактерот којшто е глумен од Hugh Jackman во филмовите. Некој може го асоцира на ликот од стриповите, некој од анимираните серии, но на крај на денот повеќето не асоцира на тоа, бидејќи сепак е култна улога. Толку култна улога што дефиницијата за Wolverine е буквално таа. Арогантен, гневен, нападлив, темпераментен, осамен, и со краток фитиљ. Во играва, тотално омекнат и направен како да е меченце.

Овој Wolverine е креиран целосно да е тимски играч, не сака никогаш да ги прави работе сам, многу често е трпелив, добар е со деца, кажува ИЗВИНИ кога прави грешки. Толку омекната верзија на Wolverine мислев дека не може да постои во никој универзум, но очигледно некои работи сепак можат да постојат колку и да не ги очекуваме.

Да, кога треба да биде гневен и да прави лом на сите страни го прави тоа, ти како играч го контролираш, нормално дека ќе ги прави тие работи. Но кога нема борба, Wolverine станува едно мило меченце што не сфаќаш дали играш Wolverine или играш нешто што треба да наликува на тој карактер, ама сепак е нешто сосема друго.

За жал ова разочарување го имав во можеби 80% од целата игра. При крајот више станува малку посериозно и некако успеваш да се приврзеш со карактерот и да му ја сфатиш тешкотијата со која што живее тој карактер. Но сепак како познавач на карактерот, толку многу саати ти да ме мачиш со тоа што Wolverine ми го направиле да е мек, е тотален идиотизам. На крајот извадија малку глава, но сепак, не е добро.

Цела игра стискаш само Коцка и Триаголник и гледаш крвишта

Во текот на целата игра комбатот е толку досаден за гледање што е неверојатно како истото студио што ги направија Spider-Man игрите работат на истиот концепт, но се забавни за гледање. Цело време стискаш само „Коцка“ на контролерот, има моменти кога ќе стиснеш и „Триаголник“ за малку да дојдеш поблиску до непријателите, но сепак е многу досадно за гледање.

Да, има многу крвишта насекаде, нормално кога се бориш со непријатели што испуштаат крв, некои непријтели испуштаат нафта пошто се сепак роботи, но сепак секој непријател се тепа на ист начин. Нема некоја разлика дали се бориш со Sentinals, The Hand или други непријатели. Премногу е само стискање копче и правење истото одново и одново и одново.

Убавината на комбатот во оваа игра е што барем малку се потрудиле и им текнало дека ако не направат некои работи да имаат смисла, ќе беше можеби најголемото ѓубре некогаш што го направиле Insomniac Games. Целиот комбат е многу фокусиран на „Parry“ системот. Живееме во ера кога Souls игрите се во пикот, сите сакаат да имаат слични системи како тие игри, затоа и некој во Insomniac Games рекол дека фокусот ќе се стави во тоа.

Доколку ја ставите играта да ја играте на најтешкото ниво, како што морате да ја ставите, тогаш комбатот со Parry системот навистина има многу смисла. Обично не сакам игрите да ги играм на најтешко, секогаш сакам да е ниво под нејтешкото, но оваа игра морав да ја играм на најтешко да ми има смисла. Доколку не се браните цело време тогаш умирате и со тоа само да ве дувнат.

Главните непријатели се тешко разочарување

Не би сакал да навлегувам многу во работата што можеби ми створи најголемо разочарување во текот на моите 16-17 часа што ги потрошив во целата игра, а тоа беа главните непријатели и борбите со нив. Никогаш не сум си поминал толку досадно во игра кога се борам со главни непријатели. Освен со последниот.

Цело време кога ја играм играта ми е досадно и знам точно што следи и кој ќе е главниот непријател од тој дел. И бидејќи ми беше ужасно едвај чекав да се борам со тој некој непријател. Доаѓа борбата и сфаќам дека непријателот има само две механики што треба да стискам R1 за Rarry и после само да стискам коцка и триаголник.

Само последниот главен непријател имаше смисла за борба и механики коишто беа малку поинтересни, се друго… ЃУБРЕ!

Финални Зборови…

Најтешко ми е да кажам финални зборови за оваа игра од причина што стварно сакам да кажам дека ова е игра што треба целосно да ја игнорирате и да си ги зачувате парите за следните игри коишто доаѓаат при крајот на оваа година. Но на крај на денот, сметам дека премногу почнавме сериозно да ги сфаќаме видеоигрите. Веќе не ги сметаме за забава, премногу ги сфаќаме дека треба да се многу сериозни. Да, плаќаме многу пари и сакаме да добиеме квалитет, но сепак некогаш и треба забавниот дел да се има. Иако, навистина не ја предложувам толку многу играва. Ако ја купите, на ваш ризик.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!