Baldur’s Gate 3 не доаѓа на Nintendo Switch 2

Baldurs Gate

Ако чекате шанса да го играте Baldur’s Gate 3 „во движење“ на вашата Nintendo Switch 2 конзола, ќе сакате да седнете за ова. Нема да се случи.

Учествувајќи во AMA (Ask Me Anything) на Reddit во петок, Свен Винке од Larian Studios беше прашан за можноста играта да биде пренесена (портната) на најновиот систем на Nintendo. Неговиот одговор веднаш ја затвори темата.

„Ќе ни беше многу мило, но тоа не беше одлука што можевме ние да ја донесеме“, напиша Винке.

Зошто нема да дојде на Switch 2?

Како продолжение на потврдата од Винке, познатиот „leaker“ NateTheHate, кој во минатото тврдеше дека постои можност играта да дојде на Nintendo, даде малку повеќе увид зошто тоа не се случува.

„Иако Larian би сакал да го донесе Baldur’s Gate 3 на Switch 2… нивната врска со Hasbro/Wizards of the Coast не е здрава“, рече тој. „Кон крајот на минатата година, слушнав дека [Baldur’s Gate 3] за [Switch 2] нема да се случи….“

Baldur’s Gate 3 првпат излезе во ран пристап (Early Access) во август 2020 година. Целосното издание на играта излезе во август 2023 година на PC. Потоа играта дојде и на PlayStation 5 и Xbox Series X|S подоцна истата година. Исто така добиваше редовни ажурирања до април 2025 година, кога беше објавен последниот голем „patch“.

Иако Baldur’s Gate 3 можеби нема да дојде на Switch 2, тоа не значи дека Larian не работи на следното. Студиото го развива следниот наслов во франшизата Divinity, кој, како дел од истото AMA, нема да содржи никаква генеративна AI уметност.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Xbox овој месец ја прославува својата 25-годишнина, а по тој повод ги изненадува фановите со бројни подароци и најави. Игри како Minecraft, Microsoft Flight Simulator 2024, Gears E-Day и други добија бесплатни содржини по повод прославата. Покрај бесплатните предмети во игрите, играчите добија и неколку возбудливи најави од студијата Id Software и MachineGames, кои се во сопственост на Bethesda.

Извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, во четвртокот објави порака на X во која зборуваше за подобрувањата што пристигнуваат на Xbox, но тоа не беше сè. Таа ја промовираше и новата Slaughter Mode, бесконечен борбен режим за Doom: The Dark Ages. Во овој режим, играчите ќе се соочуваат со сè посилни бранови случајно избрани демони, со цел да освојат што повеќе поени и да собираат черепи кои можат да ги заменат за уникатни награди. По секој бран, ќе мора да одлучат дали ќе продолжат и ќе ризикуваат да го изгубат целиот дотогашен напредок или ќе се откажат и ќе се обидат повторно подоцна.

Ажурирањето со Slaughter Mode за Doom: The Dark Ages треба да биде објавено во понеделник, на 16 ноември. Бесплатно ќе биде достапно за играчите кои го поседуваат DLC-пакетот Revelations, како и за оние кои ја купиле премиум верзијата или премиум надградбата за Doom: The Dark Ages.

Id Software и MachineGames работат на нови игри

Студиото Id Software, кое стои зад Doom: The Dark Ages, одговори на објавата на Шарма за новото ажурирање и потврди дека неговите тимови во Тексас и Франкфурт работат на нова игра. Се чини дека мистериозниот проект сè уште е во рана фаза на развој, бидејќи Id Software не сподели многу детали. Сепак, потврди дека режисер на играта ќе биде Хуго Мартин, кој ја предводеше работата на The Dark Ages.

Ова не беше единствената најава за нова игра во четвртокот. Шарма потврди дека Wolfenstein 3 официјално е во продукција во студиото MachineGames. Ваквата најава беше очекувана, бидејќи минатата година шефот на студиото, Јерк Густафсон, потврди дека рестартирањето на серијалот Wolfenstein отсекогаш било замислено како трилогија. Сепак, официјалната потврда дека играта се развива претставува значаен чекор напред во однос на претходните гласини и шпекулации.

Двете најави беа придружени со малку детали, па веројатно станува збор за проекти кои сè уште се во рана фаза на развој. Сепак, ова се одлични вести за фановите кои со нетрпение очекуваат нови игри од овие студија. Засега ќе мора да почекаме за повеќе информации, но за среќа, новиот режим на игра во Doom: The Dark Ages ќе ни понуди нешто со што ќе го исполниме времето дотогаш.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!