The Day Before се препродава за 200 долари

The Day Before веројатно ќе влезе како најлошата игра во историјата – или барем играта поддржана од најлошиот развивач во историјата. Во нашата последна подкаст Емисија S10E11 ги опфативме работите кои што се случија со The Day Before и ги кажавме црните и мрачните страни зад играта и зад студиото кое што направи криминал!

Во последниве недели, The Day Before страдаше од имплозија, при што конечно пристигна долгоочекуваното издание на играта, но го сигнализираше крајот на FNTASTIC – развивачот на играта – во рок од неколку дена. Од прилика во рок од четири дена. Токму така, развивачот на The Day Before се исклучи само неколку дена по објавувањето на играта што ја градеше со години, изјавувајќи дека не е финансиски успешна и дека не може да продолжи да ја поддржува. Како игра, The Day Before беше вистински хаос и брзо стана предмет за потсмев на интернет. Сега, кога е симната од Steam, се вадат лажни клучеви, кои носат ознаки за цена до 200 долари!

Будали!

Ако сте спремни да платите 200 долари за The Day Before – која првично чинеше околу 40 долари – тогаш тоа е ваша привилегија. И да сте спремни… Не станувајте будали! Навистина е скршена, нестабилна и игра која што не постои едноставно! Игра за која што е направено хајп со фејк трејлери!

Сега, кога The Day Before е отстранета од Steam, гледаме дека профилите што ја имаат играта се ставени за продажба до 1000 долари и луѓе кои се обидуваат да продадат индивидуални клучеви онлајн за дури 200 долари. Воодушевувачки е, но така функционира. Играта продаде околу 200.000 копии, но повеќе од половина на тие копии им беше стиснато веднаш да им се вратат парите на играчите, гејмерите мораа едноставно да си ги вратат залудно потрошените пари!

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Xbox овој месец ја прославува својата 25-годишнина, а по тој повод ги изненадува фановите со бројни подароци и најави. Игри како Minecraft, Microsoft Flight Simulator 2024, Gears E-Day и други добија бесплатни содржини по повод прославата. Покрај бесплатните предмети во игрите, играчите добија и неколку возбудливи најави од студијата Id Software и MachineGames, кои се во сопственост на Bethesda.

Извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, во четвртокот објави порака на X во која зборуваше за подобрувањата што пристигнуваат на Xbox, но тоа не беше сè. Таа ја промовираше и новата Slaughter Mode, бесконечен борбен режим за Doom: The Dark Ages. Во овој режим, играчите ќе се соочуваат со сè посилни бранови случајно избрани демони, со цел да освојат што повеќе поени и да собираат черепи кои можат да ги заменат за уникатни награди. По секој бран, ќе мора да одлучат дали ќе продолжат и ќе ризикуваат да го изгубат целиот дотогашен напредок или ќе се откажат и ќе се обидат повторно подоцна.

Ажурирањето со Slaughter Mode за Doom: The Dark Ages треба да биде објавено во понеделник, на 16 ноември. Бесплатно ќе биде достапно за играчите кои го поседуваат DLC-пакетот Revelations, како и за оние кои ја купиле премиум верзијата или премиум надградбата за Doom: The Dark Ages.

Id Software и MachineGames работат на нови игри

Студиото Id Software, кое стои зад Doom: The Dark Ages, одговори на објавата на Шарма за новото ажурирање и потврди дека неговите тимови во Тексас и Франкфурт работат на нова игра. Се чини дека мистериозниот проект сè уште е во рана фаза на развој, бидејќи Id Software не сподели многу детали. Сепак, потврди дека режисер на играта ќе биде Хуго Мартин, кој ја предводеше работата на The Dark Ages.

Ова не беше единствената најава за нова игра во четвртокот. Шарма потврди дека Wolfenstein 3 официјално е во продукција во студиото MachineGames. Ваквата најава беше очекувана, бидејќи минатата година шефот на студиото, Јерк Густафсон, потврди дека рестартирањето на серијалот Wolfenstein отсекогаш било замислено како трилогија. Сепак, официјалната потврда дека играта се развива претставува значаен чекор напред во однос на претходните гласини и шпекулации.

Двете најави беа придружени со малку детали, па веројатно станува збор за проекти кои сè уште се во рана фаза на развој. Сепак, ова се одлични вести за фановите кои со нетрпение очекуваат нови игри од овие студија. Засега ќе мора да почекаме за повеќе информации, но за среќа, новиот режим на игра во Doom: The Dark Ages ќе ни понуди нешто со што ќе го исполниме времето дотогаш.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!