Девелоперите на Suicide Squad: Kill the Justice League – Rocksteady одговорија на сите Протекувања за играта

Rocksteady Studios, девелоперите на претстојниот наслов Suicide Squad: Kill the Justice League, објави соопштение по спојлерите за играта кои се појавуваат на интернет. По затворениот алфа тест на Suicide Squad претходно овој месец, разни спојлери за играта почнаа да се вртат на социјалните мрежи и другите платформи. Во тоа време, Rocksteady и WB Games не ги признаа овие протекувања, туку се обидоа да ги отстранат со помош на авторски права. Сега, откако почнаа да се појавуваат повеќе истакнати спојлери, Rocksteady излегоа и дадоа официјална изјава.

Објавено на официјалниот X профил на Rocksteady, студиото призна дека протекувањето за Suicide Squad: Kill the Justice League се во глобала вистински и навистина им е криво што сепак се случуваат овие работи. Rocksteady изјави дека е „многу разочарувачки“ да се видат овие спојлери и ги охрабри фановите да се обидат да избегнуваат да ги гледаат спејлерите нормално ако е можно. Покрај ова, Rocksteady исто така побара од фановите кои виделе спојлери да не споделуваат протекување со други за да го уништат искуството.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN