Познатиот медиум Game Informer е затворен по 33 години поради отпуштање на целиот тим

По повеќе од 33 години работење, Game Informer денес објави дека целиот медиум е згаснат. Ако се обидете да пристапите на страницата „Гејм Информер“, ќе видите информација во која се објаснува дека брендот и медиумот повеќе не постои. Во објава на социјалните мрежи, на тимот му е голема жал за затворањето на медиумот, кој беше еден од најклучните извори на вести за гејминг повеќе од три децении.

Додека тимот на „Гејм Информер“ не ги кажаа причините за затворањето, сепак Џеф Кели објасни во последователен пост дека медиумот е затворен бидејќи персоналот бил отпуштен од страна на GameStop, матичната компанија на „Гејм Информер“.

За мене лично еден од најдобрите медиуми…

По 33 возбудливи години во кои ви ги пренесувавме најновите вести, прегледи и увиди од светот на игрите што постојано се развива, со тешко срце го објавуваме затворањето на Game Informer.

Од раните денови на пикселираните авантури до денешните извонредни виртуелни сфери, ни беше чест да го споделиме ова неверојатно патување со вас, нашите верни читатели. Иако нашите преси може да престанат, страста за играње што ја негувавме заедно ќе продолжи да живее.

Ви благодариме што сте дел од нашата епска потрага и нека вашите сопствени гејмерски авантури никогаш нема да завршат.

„Гејм Информер“ беше еден од врвните медиуми за публикации на пазарот, нудејќи незаборавен тираж на печатените медиуми што траеше од август 1991 година до јуни оваа година. Кога дојде до подемот на дигиталното новинарство, „Гејм Информер“ беше пред и центар за индустријата за игри, и повеќе од една деценија, тимот одржуваше страница која, на многу начини, беше врв на копјето за поширокиот бизнис.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!