Hard West 2 е Најдобрата игра од Европа за 2023 година

Вестерн играта “Hard West 2” од Полското студио Ice Code Games ја освои наградата “Best Game” на Central Easter European Game Awards 2023 и со тоа се прогласи за најдобрата игра која што била направена од периодот на Јуни 2022 година до Септември 2023 година.

Central Easter European Game Awards (CEEGA) се годишни награди кои ги признаваат најдобрите игри од Централна и Источна Европа. Доделувањето на наградите се одржува уште од 2018 година во градот Познан во Полска. CEEGA се награди наменети само за овие делови на Европа исто како например што The Game Awards се наменети за игри секаде од светот, и нормално како многу други манифестации. Првата година кога се има организирано CEEGA, титулата за најдобра игра ја има добиено познатата ига Frostpunk, и со идните години награди имаат добивано Cyberpunk 2077 и Dyling Light 2. Навистина огромна манифесрација која што според бројките и квалитето кој што го нуди не е проследена колку што треба да биде и тоа е многу лошо.

Оваа година трката за Best Game веше навистина тесна и сериозна. Сите 4 игри кои што влегоа во последниот круг за главната награда. Игрите кои што се бореа за наградата беа Hard West 2 од Полска, Jagged Alliance 3 од Бугарија, Scorn од Србија и Sherlock Holmes: The Awakened од Украина. На крајот играта која што победи беше Hard West 2, иако многу повеќе внимание беше дадено на Scorn да земе и награда за Најдобра Игра.

Во другите категории кои што беа на CEEGA наградите победниците беа следниве:

  • Best Visual Art – Scorn
  • Audio – Layers of Fear
  • Design – Hard West 2
  • Narrative – Sherlock Holmes The Awakened
  • Technology – Gloria Victis: Medieval MMORPG
  • Hidden Gem – Midnight Fight Express
  • Best Mobile Game – Railbound

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!