Интервју со Матеј Јошевски

Човекот кој што во Македонија е еден од ретките луѓе кои што плеска најмногу Фајтинг Игри, меѓу другото, го имавме во далечната 5та сезона (веројтано беше 5та, можеби 4та, веќе кој ги памти)… Матеј тогаш ни беше на гости да збориме за Dragon Ball Fighter Z каде што воедно и се плескавме сред емисија…

Паци го јадеше сред емисија од Матеј многу јако, а Паци секгаш беше човекот кој што кажуваше дека е најдобар во тепачките игри… Тоа е веројатно бидејќи Паци кога бил мал многу го тепал братму во овие игри, но со исклучен контролер…

👾 Не заборавајте да кликнете Subscribe на twitch.tv/ggtvmk

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN