SMITE 2 е официјално најавена

Девелоперите од Titan Forge Games штотуку ја најавија Smite 2 на Твитер, заедно со официјален трејлер на YouTube. Трејлерот содржи гејмплеј од играта, делови од Алфа верзијата, но ни прикажува колку е искористена технологијата на Unreal Engine.

Ова очекувано продолжение ќе биде објавено на компјутер преку Steam и Epic Games Store, како и PlayStation 5 и Xbox Series X. Развивачите не потврдија кога да ја очекуваме, но објавија дека тестот за затворена алфа верзија доаѓа оваа пролет.

На сајтот на PlayStation има повеќе детали за иднината на Smite 2. PlayStation споменуваат дека ќе имаат „повеќе информации за споделување за Smite 2 во текот на следните месеци“.

Значи, фановите можат да очекуваат редовни ажурирања за Smite 2 прилично наскоро, како што се приближува затворената алфа. На сајтот дополнително е наведено дека се што сте купиле или платиле во Smite ќе се префрли во Smite 2. Тие објаснуваат дека „Legacy Gems може да се користат во Smite 2 за да се плати до 50% од повеќето нови купувања“.

Така, времето и работата што играчите ја вложија во оригиналниот Smite ќе се пренесат малку во продолжението. Ова треба да се покаже корисно, бидејќи Smite 2 сигурно ќе го замени својот претходник ако барем може да функционира правилно. Изненадувачки, оригиналната Smite ќе воведе и „Divine Legacy систем“. Ова ќе им даде на играчите Unreal 5 верзии на класични Smite скинови бесплатно.

МАРКЕТИНГ

Electronic Arts работи на нова самостојна игра со американски фудбал, наречена „Project Gridiron“, која ќе се разликува од серијалите Madden и College Football. Играта ќе има отворен свет и ќе биде насочена кон социјалната интеракција меѓу играчите, открива Insider Gaming.

EA го спомена проектот на 21 октомври, во соопштението за идните планови на компанијата, во кое најави ново искуство со отворен свет за љубителите на американскиот фудбал. Според првичните информации, станува збор за проект што треба да привлече повеќе играчи во екосистемот на EA Sports.

Играчите ќе можат да играат фудбал и да комуницираат во реално време

Според извори запознаени со проектот, „Project Gridiron“ ќе им овозможи на играчите да комуницираат во реално време со други корисници од целиот свет, вклучително и да играат кратки фудбалски натпревари со повеќе учесници.

Проектот нема да биде уште една голема фудбалска игра како Madden или College Football, ниту замена за College Football, како што претпоставуваа некои играчи на интернет.

Играта е сè уште во рана фаза на развој, па плановите може да се променат. Според моменталните очекувања, првите детали за неа би можеле да бидат претставени до летото 2027 година, но рокот сè уште не е конечен.

EA паралелно работи и на посебен режим сличен на „The Grounds“ во EA Sports FC, кој со години се развива заедно со тој проект. Засега нема потврда кога ќе биде објавен, ниту дали ќе биде дел од Madden 28 или College Football 28.

Според Insider Gaming, постои можност режимот да не биде објавен доколку „The Grounds“ не ги постигне очекуваните резултати во EA Sports FC, но изворите наведуваат дека тоа е најлошото можно сценарио и дека засега не изгледа веројатно.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!