SMITE 2 е официјално најавена

Девелоперите од Titan Forge Games штотуку ја најавија Smite 2 на Твитер, заедно со официјален трејлер на YouTube. Трејлерот содржи гејмплеј од играта, делови од Алфа верзијата, но ни прикажува колку е искористена технологијата на Unreal Engine.

Ова очекувано продолжение ќе биде објавено на компјутер преку Steam и Epic Games Store, како и PlayStation 5 и Xbox Series X. Развивачите не потврдија кога да ја очекуваме, но објавија дека тестот за затворена алфа верзија доаѓа оваа пролет.

На сајтот на PlayStation има повеќе детали за иднината на Smite 2. PlayStation споменуваат дека ќе имаат „повеќе информации за споделување за Smite 2 во текот на следните месеци“.

Значи, фановите можат да очекуваат редовни ажурирања за Smite 2 прилично наскоро, како што се приближува затворената алфа. На сајтот дополнително е наведено дека се што сте купиле или платиле во Smite ќе се префрли во Smite 2. Тие објаснуваат дека „Legacy Gems може да се користат во Smite 2 за да се плати до 50% од повеќето нови купувања“.

Така, времето и работата што играчите ја вложија во оригиналниот Smite ќе се пренесат малку во продолжението. Ова треба да се покаже корисно, бидејќи Smite 2 сигурно ќе го замени својот претходник ако барем може да функционира правилно. Изненадувачки, оригиналната Smite ќе воведе и „Divine Legacy систем“. Ова ќе им даде на играчите Unreal 5 верзии на класични Smite скинови бесплатно.

МАРКЕТИНГ

Capcom објави соопштение во кое открива дека повеќе од 12 милиони записи биле засегнати од неодамнешен безбедносен инцидент.

Според соопштението на компанијата, неовластено лице добило пристап до одредени кориснички информации поврзани со онлајн сметка за членство. Capcom се извини за предизвиканите непријатности и соопшти дека презела итни мерки за справување со инцидентот.

Протекувањето на податоци во Capcom откри адреси на е-пошта, датуми на раѓање, региони и други информации

Според објавените информации, во рамките на инцидентот биле пристапени податоци од 11.774.247 записи, вклучувајќи адреси на е-пошта и системски идентификатори. Кај 43 сметки биле пристапени и датумите на раѓање, полот, државата или регионот и прекарите на корисниците. Дополнително, кај 196 сметки биле направени неовластени промени на лозинките за најавување на Capcom ID.

Компанијата соопшти дека оригиналните лозинки што ги користеле клиентите не биле пристапени, но биле сменети без овластување. Лозинките на засегнатите сметки веќе биле ресетирани, а корисниците погодени од инцидентот ќе бидат известени. Capcom потврди и дека информациите за платежните картички не биле компромитирани.

Capcom забележала сомнителна активност на 19 октомври и почнала да го блокира пристапот на неовластеното лице, но дотогаш пристапот до податоците веќе бил остварен. Компанијата го активирала планот за итно реагирање и формирала внатрешен тим за справување со инцидентот. Случајот бил пријавен и до јапонските надлежни органи, а Capcom продолжува да ја следи ситуацијата.

На корисниците им се препорачува да бидат внимателни со сомнителни електронски пораки и други пораки, како и да не отвораат линкови или прилози од непознати испраќачи. Компанијата соопшти дека веќе го идентификувала и отстранила начинот на кој бил извршен нападот. Од Capcom додаваат дека инцидентот не влијае врз можноста на играчите да пристапуваат до своите игри и да ги играат.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!