Благодарение на медиумот Insider Gaming дознаваме дека по шест одложувања, играта Skull and Bones конечно добива датум на објавување, и тоа ќе биде на 16 февруари 2024 година.
Информациите следуваат по официјалното соопштение од Ubisoft во октомври дека играта има период за издавање за во Q4 FY23-24. Минатата недела, Darryl Long, кој ќе се пресели во Торонто за да стане извршен директор на компанијата, потврди дека играта ќе се испорача пред крајот на фискалната година.
Pre-Orders за играта моментално се пуштени на Ubisoft Store со цена од 49,99 евра, но медиумот Insider Gaming дознале дека Ubisoft исто така планираат да објават Premium верзија на играта. Иако не се знае точно што ќе има во содржината на премиум изданието, се разбира дека играчите ќе можат да ја играат играта на 13 февруари 2024 година, со три дена ран пристап како и сите Ubisoft игри до сега.
Деталите за тоа кога ќе биде објавен новиот датум на издавање на играта се нејасни, но изворите сугерираат поради природата на добиените информации дека најверојатно ќе биде во следните неколку недели, веројатно на The Game Awards.
Играта, која моментално е под кодното име „Project XA“ во последно време е под опширни тестови, при што девелоперите го направија својот најнов тест минатата недела. Skull and Bones првично беше планирано за издавање во 2018 година, пред да биде одложено не помалку од шест пати. Во еден момент, играта дури се развиваше со „нова визија“ на ум од студиото во Ubisoft Сингапур.
Skull and Bones ќе биде достапна за PlayStation 5, Xbox Series X|S и PC на 16 февруари 2023 година.