Голем турнир во Друштвената Игра “Dune: Imperium”

Загрејте ги вашите империи за да ја освоите Дина

Дами и Господа… Драги играчи на друштевени игри и пошироко! Со задоволство сакаме да го најавиме еден од најголемите турнири за друштвената игра „Dune Imperium” кој ќе се одржи на 3ти јуни (сабота) со почеток од 10 часот. Култното место на сите Бордгејмери е “Борд Гејм Кафе САМО” во Скопје и нормално тоа е правото место каде што треба да се одржи турнир од вакви рамки!

Играта е инспирирана од славниот научно-фантастичен роман на американскиот писател Френк Херберт и приказната датира од далечната 1965 година. Прикзаната има доста голем број на продолженија, како и неколку филмови како што се култниот Dune од 1984 година, и моментално популарниот Dune од 2021 година кој што наскоро го добива својот втор дел.

Организатори на турнирот се: Иво Бару, Никола Докоски, Владимир Настовски и Љупчо Нечовски. Сите се дел од неформалната Фејсбук група ‘Board Games MKD’ во која членуваат луѓето кои што навистина го сакаат тоа што го прават и се задоволни од колку се гради заедницата секојдневно. Дополнително ова е прв пат да се организира турнир за оваа игра во Македонија што го прави сериозно достигнување.

Пријавени се дваесет учесници кои по пат на бодување и елиминации во текот на денот ќе го одлучат победникот. Покрај парични награди, најдобрите играчи ќе добијат и игри од Гоблин Гејмс, и нормално од најдобрата Македонска издавачка куќа Final Frontier Games игри!

Директен пренос од финалето ќе може да се гледа на спомнатата ФБ група, но и нормално на Twitch и YouTube каналите на GG.MK кои што се подржувачи на целиот турнир. Ќе има пренос само од финалето кое би започнало околу 19h, но можно е да има и неколку преноси од другите партии.

Кој ќе завладее со Аракис?! Борбата за планетата на пустините започнува! дваесетте борци, претставници на различните династии и слободни племиња, ќе ги соочат своите вештини. Дали ќе победи некој од борците на куќата Атреидес или Харконен? Претставник на Фремените можеби? Или можеби случаен патник низ пустината… Сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат и да навиваат за својот фаворит!

МАРКЕТИНГ

Blizzard Entertainment ја објави World of Warcraft Forever на 4 ноември, и компанијата веќе изгледа многу задоволна од резултатите. Лансирањето помина многу помазно од некои претходни изданија на игрите на Blizzard, а притоа беа соборени и неколку рекорди, што е импресивно достигнување за игра која се надоврзува на речиси 22-годишна ММО-игра.

Според објава споделена на Икс, World of Warcraft Forever го забележа најголемиот досега достигнат број истовремено активни играчи при лансирање на која било игра поврзана со World of Warcraft, како и најголемиот број играчи кои се вратиле во играта. Се чини дека новата верзија на ММО-играта беше многу успешна не само во привлекувањето голем број нови играчи кои за првпат ја испробуваат, туку и во враќањето на оние кои не ја играле со години.

Congratulations everyone, you made HISTORY!WoW: Forever has achieved:🔹The biggest launch in WoW history by peak concurrent players🔹The highest number of returning players in WoW historyThis is all because of you, the players. From all of us, THANK YOU!

— World of Warcraft (@worldofwarcraft.blizzard.com) 2026-11-07T02:34:47.722Z

World of Warcraft Forever пронаоѓа нова рамнотежа помеѓу Classic и модерните верзии на ММО-играта. Има помодерен визуелен изглед, па дури и функции како поддршка за контролери, но играта е вратена на оригиналната содржина од нејзиното издавање во 2004 година, а потоа повторно се надградува од таа основа.

Очигледно, оваа комбинација на старо и ново навистина им се допаднала на играчите, бидејќи се чини дека постигнува подобри резултати од лансирањето на Classic или од кое било ново проширување во привлекувањето играчи и нивното задржување во играта. Blizzard Entertainment веќе не ги објавува јавно бројките за претплатници, па можеби никогаш нема да го дознаеме точниот број луѓе што Forever успеала да ги привлече како претплатници.

World of Warcraft Forever моментално е достапна за Windows PC преку стандардната претплата за World of Warcraft. Blizzard планира да ја поддржува со нова содржина и во догледна иднина, а придружниот директор за продукција, Клејтон Стоун, неодамна за Bloomberg изјави: „Сакаме да го продолжиме ова патување сè додека играчите сакаат да бидат дел од него. Има толку многу теории за недовршени работи во World of Warcraft – недовршени рации, недовршени зони, недовршени зандани, приказни и авантури во кои играчите можат да учествуваат.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!