Амазон официјално се откажува од своите ММО игри

Lost Ark

Масовните мултиплеер онлајн игри Lost Ark и Throne and Liberty во наредните месеци ќе останат без Amazon Game Studios како нивен издавач, додека технолошката компанија продолжува да се повлекува од своите гејмерски активности.

Масовните мултиплеер онлајн игри Lost Ark и Throne and Liberty во наредните месеци ќе останат без Amazon Game Studios како нивен издавач, додека технолошката компанија продолжува да се повлекува од своите гејмерски активности.

На почетокот на 2027 година, Lost Ark ќе го следи истиот пат, при што развивачот Smilegate ќе ги преземе издавачките обврски за западниот пазар. Кога ќе се случи преминот од Амазон кон Smilegate, играчите на Lost Ark ќе го задржат својот напредок и сметките, имињата на бродовите, плејлистите и НПЦ-ликoвите, но ќе го изгубат пристапот до пораките и белешките поврзани со поштата во играта, листата на пријатели, црната листа, еснафите, упориштата и разговорите. Како и кај Throne and Liberty, играчите можат да се откажат од оваа можност доколку не сакаат Smilegate да ги добие нивните податоци.

Amazon Game Studios се позиционираше како водечки издавач на ММО-игри на почетокот на 2020-тите, објавувајќи ја New World и помагајќи азиските ММО-игри како Lost Ark и Throne and Liberty да пристигнат во Северна Америка и Европа. Минатиот октомври, Амазон започна да се повлекува од своите гејмерски активности. Во месеците што следуваа, компанијата го одреди датумот за прекин на услугата за New World, ја затвори King of Meat, се повлече од издавањето на Clutch на Maverick Games и МОБА-играта March of Giants, а отпушти и развивачи.

Засега, единствените наслови што Amazon Game Studios сè уште се обврзува да ги издаде се Tomb Raider: Legacy of Atlantis, Tomb Raider: Catalyst и парти-игри за својата услуга за облачно играње Luna. Генералниот директор на гејмерскиот оддел на Амазон, Џеф Гатис, исто така му изјави на Polygon дека компанијата е заинтересирана за издавање идни игри за Џејмс Бонд.

Lost Ark е достапна за Windows PC, а Throne and Liberty е достапна за PlayStation 5, Windows PC и Xbox Series X.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!