Ubisoft планираат да отпуштат повеќе од 100 вработени во нивните германските студија

Ubisoft Germany

Според нов извештај, Ubisoft предложил доброволно заминување на вработени во студијата во Дизелдорф, Берлин и Мајнц. Повеќе од 100 работни места би можеле да бидат засегнати доколку доволен број вработени ја прифатат понудата за откуп.

Ова следува по претходните извештаи дека Ubisoft планира да го затвори финското развојно студио RedLynx и дека Ubisoft Singapore исто така го намалува бројот на вработени.

Планот за откуп на Ubisoft Germany би можел да засегне околу 100 работни места

Според Game File, Ubisoft планира да укине околу 100 работни места во Германија, при што повеќе од половина од намалувањето се очекува да го погоди студиото во Дизелдорф. Претставник на студиото изјавил дека во Германија започнале разговори со Работничкиот совет, тело слично на синдикат, за предложена програма за доброволно заминување на вработени во студијата во Дизелдорф, Берлин и Мајнц. Компанијата сè уште не го потврдила конечниот број на засегнати работни места, а условите за откуп сè уште се предмет на преговори.

„Предложената програма за доброволно заминување е главната мерка што се предлага за поддршка на планираните организациски промени“, изјавил претставникот на Ubisoft.

Германските студија ја објавиле планираната редукција на работните места на состанок со вработените минатата недела. Управниот директор Бенедикт Гриндел изјавил дека целта е „најдобро да ги позиционираат нашите германски студија за иднината“, преку појасно дефинирање на нивните улоги и организациската поставеност.

Ubisoft Mainz ја разви и ја објави добро оценетата игра Anno 117: Pax Romana во ноември 2025 година. Дизелдорф е најголемото од трите студија, со повеќе од 400 вработени, додека другите две имаат по нешто повеќе од 100 вработени. Се очекува повеќе од половина од намалувањето на работните места да го погоди студиото во Дизелдорф.

Извор: Insider Gaming

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!