007 First Light на Switch 2 пристигнува на 18 март 2027

007 First Light

IO Interactive потврди дека 007 First Light ќе пристигне на Nintendo Switch 2 на 18 март 2027 година. Играта првично беше планирана за издавање на најновата конзола на Nintendo во септември. Наместо тоа, во тој месец беше објавено дека играта ќе пристигне некаде во март.

007 First Light беше објавена во мај за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X|S. Досега играта е продадена во повеќе од 4 милиони примероци, достигнувајќи ја оваа бројка во август.

Изданието на 007 First Light за Switch 2 го вклучува комплетот од GoldenEye

Делукс изданието на играта е достапно за преднарачка по цена од 69,99 долари, а преднарачките овозможуваат ран пристап до различни предмети, меѓу кои и облеката на Џејмс Бонд од GoldenEye.

Делукс изданието ги вклучува и гаџетите Gleaming Lighter, Gleaming Earphones, Gleaming Dart Gun и Gleaming Pen, како и четири дополнителни комбинации: Day of the Dead, Desert Explorer, Silent Anchor и Gentleman Operator. Дополнително, специјално издание на играта е достапно ексклузивно преку Amazon и им овозможува на играчите пристап до класичниот смокинг на Џејмс Бонд.

Од објавувањето на играта во мај, таа доби големо ажурирање кое додаде нови TacSim мисии, облеки што може да се отклучат преку Intel, оружјето DRS-7 Silenced SMG и други содржини.

Објавено е и првото големо DLC, Extended Operations, кое го враќа класичниот Aston Martin Valhalla. Во играта ќе бидат додадени и две нови оружја: пушката Squire Marksman Rifle и сачмарката Storm 12 Gauge Shotgun.

Играта ќе добие и дополнителни комбинации за облекување, додека режимот New Game+ ќе ја вклучува тежината „00“.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!