Првото DLC на Elden Ring ќе пристигне на почеток на 2024 година

Денес излезе една нова гласина која што целосно се прошири на социјалните мрежи каде што се откри датумот на објавување на претстојниот DLC на Elden Ring, кој е насловен како Shadow of the Erdtree. Претходно во 2023 година, студиото FromSoftware и компанијата Bandai Namco објавија дека новата содржина за Elden Ring е официјално во подготовка, и треба да ја очекуваме во блиска иднина. До сега за жал не се споделени нови информации поврзани со Shadow of the Erdtree, што ги остави фановите со голем број прашања. За среќа, ако се шират најновите гласини за Elden Ring, звучи дека би можеле да дознаеме нешто повеќе за DLC-то пред да заврши 2023 година.

Според Јутуберот Ziostorm, кој првенствено се фокусира на содржина поврзана со Elden Ring, Shadow of the Erdtree потенцијално би можела повторно да се појави овој декември на, односно да го видиме првиот трејлер на The Game Awards. Кога ќе се појави, се вели дека ќе биде објавен и датумот на издавање на DLC-то, кој треба да излезе на 5 февруари 2024 година. Ziostorm изјави дека оваа информација доаѓа од извор кој покажал „знаци на увид“ во врска со Elden Ring во минатото. Надвор од овие широки детали, не е познато што друго поврзано со Shadow of the Erdtree би можело да се истакне, но се претпоставува дека некој вид трејлер за игра на крајот ќе дебитира за време на настанот.

Со оглед на несигурната природа на оваа гласина, вреди да се нагласи дека сè што е наведено овде засега треба да се земе со предвид. Самот Јутубер дури забележуваат дека овој извор нема „ништо конкретно“ во минатото кога станува збор за Elden Ring, иако се чини дека имаат одредено ниво на кредибилитет што би можело да го направи споделеното вистина. Без разлика, не земајте ништо што е изразено овде како апсолутна вистина.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!