Откажана е Harry Potter VR играта од Meta

Meta

Meta неодамна откажа VR игра за Harry Potter по повеќекратни затворања на студија и отпуштања.

Gamertag VR на YouTube тврдеше дека една од игрите погодени од неодамнешните потреси во гејминг одделот на Meta била играта за Harry Potter, која наводно требало да ја развива Skydance.

„Meta откажа неколку ексклузивни игри, од кои една требаше да биде официјална VR игра за Harry Potter“, рече тој. „Ја правеше Skydance.“

Иднината на Harry Potter игрите е сигурна

Иако VR играта е откажана, светот на Hogwarts ќе продолжи во видеоигрите, бидејќи продолжението на Hogwarts Legacy, како и MMO инспирирана од Harry Potter, се во развој. Досега, Hogwarts Legacy има продадено над 40 милиони копии. Претстојното продолжение би можело да вклучува онлајн мултиплеер елементи, според нов оглас за вработување.

Претходно беше објавено дека четири Meta студија биле погодени со затворања или отпуштања: Twisted Pixel, Supernatural, Armature Studio и Sanzaru Games. Во тие четири студија, биле отпуштени повеќе од 200 луѓе.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!