Извршниот директор на NVIDIA вели дека гејмерите се „целосно во заблуда“ за DLSS 5

nvidia ceo

Во Q&A сесија со медиумите, извршниот директор на NVIDIA, Џенсен Хуанг, изјави дека оние што го критикуваат DLSS 5 и технологијата се „целосно во заблуда“.

Како што првично објави Tom’s Hardware, Хуанг ја минимизираше критиката кон DLSS 5 за време на овогодишниот GTC настан, велејќи: „Па, пред сè, тие се целосно во заблуда.“

„Причината за тоа е што, како што многу внимателно објаснив, DLSS 5 ја спојува контролата врз геометријата, текстурите и сè што е поврзано со играта со генеративна вештачка интелигенција“, продолжи Хуанг.

Тој рече дека развивачите и понатаму можат „фино да ја прилагодуваат генеративната вештачка интелигенција“ и дека „ова не е постпроцесирање, не е постпроцесирање на ниво на кадар, туку генеративна контрола на ниво на геометрија“.

Хуанг додаде и дека развивачите можат да ја испробаат алатката и да видат како сакаат да ја користат, сугерирајќи дека од нив зависи дали ќе се обидат да направат „toon shader“ или да видат дали играта треба да изгледа како да е „направена од стакло“.

„Сето тоа е под контрола, директна контрола, на развивачот на играта“, рече тој. „Ова е многу поразлично од генеративна вештачка интелигенција; ова е генеративна вештачка интелигенција со контрола врз содржината. Затоа ја нарекуваме невронско рендерирање.“

И Bethesda се огласи во врска со критиките околу DLSS 5, одговарајќи на објава од Digital Foundry на X, при што наведе:

„Ја цениме вашата возбуда и анализа на новото DLSS 5 осветлување. Ова е многу ран приказ, а нашите арт тимови дополнително ќе го прилагодуваат осветлувањето и финалниот ефект за да изгледа онака како што сметаме дека најдобро функционира за секоја игра. Сето ова ќе биде под контрола на нашите артисти и целосно опционално за играчите.“

Во разговор со развивачи и артисти од студија што се согласиле на DLSS 5, вклучувајќи ги CAPCOM и Ubisoft, Insider Gaming дознал дека технологијата DLSS 5 им била претставена во исто време како и на јавноста.

„Дознавме во исто време како и јавноста“, изјавил еден развивач од Ubisoft.

Развивачи од CAPCOM за Insider Gaming изјавиле дека најавата и вклученоста на издавачот биле особено шокантни, бидејќи CAPCOM претходно важел за студио со многу „анти-AI“ став, особено кај проекти како Resident Evil Requiem и други сè уште ненајавени игри во развој. Дел од вработените во издавачката куќа стравуваат дека најавата за DLSS 5 би можела да поттикне промена во ставот на компанијата кон генеративната вештачка интелигенција и нејзината примена во игрите.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!