Првиот трејлер за Arcane Сезона 2

League of Legends веќе подолго време е мејнстим во гејминг светот, а Нетфликс влезе во светот со создавање свои анимирани серии во Arcane. Фокусирајќи се на раните животи на ликовите како што се Jinx и VI, a убавата серија успеа да добие доста признание и од критичарите и од фановите. Многумина ја нарекоа и најдобрата серија за 2021 година! Сега, со втората сезона која треба да пристигне овој ноември, во новиот трејлер се навестува мрачен камбек за серијата.

Првата сезона на Arcane беше во можност да ја освои наградата „Primetime Emmy“, која се покажа како серијата што стана омилена кај гледачите кои беа сведоци на енергичната прва сезона. Се разбира, многу фанови чекаат подолго време да ја видат втората сезона, бидејќи првото финале на сезоната заврши на џиновскиот клифангер каде светот на Arcane може да се смени засекогаш. Со пристигнувањето на овој трејлер од втората сезона, се чини дека работите ќе добијат уште помрачен тек!

Првиот трејлер за Arcane Сезона 2

Во претходната изјава, извршниот директор на Riot Games, Николо Лоран, објасни зошто е потребно толку долго да пристигне втората сезона, „Сè уште не е подготвена и има две причини за тоа. Една, сакаме квалитет. Едноставно не сакаме да брзаме и за тоа е потребно време. Значи, тоа е добрата причина. Лошата причина е, искрено, не знаевме дали сезона 1 ќе биде успешна, па затоа не ја започнавме сезоната 2 до [подоцна]. Да знаев, можевме да ја започнеме сезона 2 порано. Но, не знаевме, па почекавме малку и сега ја плаќаме цената. Значи, за жал, нема да биде вака година“.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Nagoshi Studio, развивачкото студио основано од креаторот на Yakuza, Тошихиро Нагоши, официјално ги затвори вратите откако поддржувачот NetEase го прекина финансирањето. Nagoshi Studio работеше на Gang of Dragon, криминалистичка драма во стилот на Yakuza, во која главната улога ја толкува Ма Донг-сок.

Јапонскиот службен весник, Kanpo, потврди дека компанијата била распуштена на 31 октомври. Уште во март, Bloomberg објави дека NetEase одлучил да го прекине финансирањето на Nagoshi Studio, откако дознал дека за завршување на Gang of Dragon ќе бидат потребни дополнителни 7 милијарди јени (44 милиони долари). Според извештаите, Nagoshi Studio не успеало да најде друг поддржувач за играта.

Gang of Dragon беше прескап за NetEase

Gang of Dragon беше претставена на доделувањето на наградите The Game Awards во 2025 година, со кинематографски трејлер кој навести уште пореалистичен и понасилен приказ на гангстерскиот живот во токискиот кварт Кабукичо од оној во игрите Yakuza.

Кинескиот гигант NetEase го намалува обемот на своето портфолио на видеоигри и ги повлекува инвестициите во странство од 2024 година, поради што затвори повеќе студија. Меѓу нив беше и ново студио за ММО-игри основано оддизајнерот наWorld of Warcraft, Грег Стрит.

Nagoshi Studio беше основано во 2022 година од Нагоши и клучни членови на Ryu Ga Gotoku Studio, тимот на Sega одговорен за серијалот Yakuza/Like a Dragon. Нагоши работел во Sega повеќе од 30 години, каде што учествувал во создавањето на Daytona USA, Shenmue и Super Monkey Ball, пред да го создаде серијалот Yakuza.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!