Warner Bros. Games спровеле големи отпуштања кон крајот на минатата година

Warner Bros Games

Отпуштањата во светот на видеоигрите изгледа дека не чекаат никого. Според неодамнешни објави на социјалните мрежи, Warner Bros. Games спроведе отпуштања во декември на својата локација во Сан Франциско.

Отпуштањата, за кои првично извести Game Developer, упатуваат на низа LinkedIn објави од лица што сега се поранешни вработени во компанијата. Двајца од вработените кои биле погодени од намалувањата се уметничкиот директор (Art Director) и директорот за дизајн (Director of Design) на студиото во Сан Франциско.

„Беше луда авантура, но сите добри работи мора да завршат“, напиша поранешниот уметнички директор Роланд Херан. „Штотуку го завршив моето време во WB Games San Francisco минатиот месец – за жал погоден од, погодувате, отпуштања. Пресреќен и горд на сè што постигнавме во студиото во последните 11 години.“

Тони Перкинс, поранешен директор за дизајн, изјави: „Ми беше прекрасно овде со тимот од Сан Франциско и проектот на кој работевме е одличен и нешто на што сум многу горд.

„За жал, ѕвездите не се наместија, и одлична игра не го пронајде успехот што ѝ беше потребен!“

Нема информации на која конкретна игра Перкинс се осврнува во својата изјава.

Warner Bros. Games San Francisco постои од 2013 година. Како студио, низ годините главно се фокусираше на free-to-play и мобилни игри.

Insider Gaming контактираше со Warner Bros. Games за повеќе контекст околу отпуштањата. Доколку добијат одговор, тој ќе биде додаден во оваа статија.

Во моментов, Warner Bros. Games е дел од потенцијална продажба на тој дел од бизнисот на Netflix. Ривалската компанија Paramount продолжи да вложува напори за „непријателско преземање“, но тоа беше одбиено повеќепати.

Извор: InsiderGaming

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!