Во изработка е нова TopSpin 2K25 од 2K Games

Тениската серија на 2K се враќа по повеќе од една деценија мирување со TopSpin 2K25, објави денеска компанијата. Тоа го направи со брз тизер трејлер кој открива дека „доаѓа наскоро“. Нејзиното објавување се совпаѓа со првиот Грен слем тениски турнир во 2024 година, Австралија опен, кој започна во сабота, 13 јануари.

Денес, 2K го откри враќањето на TopSpin со тизер трејлерот за TopSpin 2K25, следната спортска игра која мора да се игра од 2K која целосно ги потопува обожавателите во светот на тенисот. Исто така, се забележуваат повеќе информации за играта кои што ќе дојдат многу наскоро

Официјална изјава за Медиумите

Првиот тизер трејлер за TopSpin 2K25

2K не откри датум на издавање или период на издавање, но со оглед на тоа што „25“ е во насловот, најверојатно ќе биде објавена оваа или следната година. Последната игра TopSpin беше објавена во 2011 година со Top Spin 4 за време на генерацијата Xbox 360/PlayStation 3.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Grand Theft Auto 6 ќе доминира во 2026 година со долгоочекуваното издание за PlayStation 5, но една друга игра, во голема мера инспирирана од GTA, Marvel’s Spider-Man и Genshin Impact – ќе им биде сериозна конкуренција на Rockstar Games. Се работи за играта Ananta.

Игрите на NetEase на големо се претставија на Gamescom Opening Night Live ова лето со Ananta. Играта, која во суштина е „аниме Grand Theft Auto“, привлекува внимание уште од нејзиното најавување, а сега го добивме и официјалниот датум на издавање, во почетокот на 2027 година.

Трејлерот за датумот на издавање на Ananta започнува со кратко претставување на приказната во играта, која изгледа прилично едноставна. Играчите ќе ја преземат улогата на натприроден истражител задолжен за борба против неколку негативци. Не изгледа дека приказната е особено важна, но глетката на главниот лик како виси од страната на авион среде лет, како да е Том Круз, несомнено е прилично импресивна. Потоа добивме поглед и на поголем дел од гејмплејот, кој ги потврдува споредбите со Grand Theft Auto. Ќе истражувате два огромни града со отворен свет и ќе возите или летате со скутери, автомобили и други пофутуристички возила. Играта ќе вклучува и многу мини-игри и активности во кои ќе можете да уживате надвор од главната приказна.

За да не остане во сенка на издавањето на Grand Theft Auto 6, Ananta нуди многу повеќе од познатите елементи преземени од серијалот на Rockstar. Претходните трејлери покажаа дека NetEase црпи инспирација од речиси секоја ААА-игра што може да се замисли. Тоа ја вклучува и можноста да се нишате низ прекрасните аниме-градови во играта како Spider-Man. Навистина изгледа дека NetEase вложува што е можно повеќе пари во Ananta и се стреми да испорача вистинска игра „за сè“, која ќе понуди по нешто за секој гејмер.

Иако Ananta ќе биде бесплатна за играње, не изгледа дека ќе биде гача-игра како Genshin Impact и Honkai: Star Rail. Ќе има купувања во играта, но тие ќе бидат насочени кон козметички додатоци, возила и други украси, наместо кон отклучување ликови. Во таа смисла, се чини дека Ananta ќе биде социјална RPG-игра, која најмногу ќе се натпреварува со Grand Theft Auto Online.

Ananta ќе биде објавена на 15 јануари 2027 година за PlayStation 5 и Windows PC, како и во мобилни верзии за Android и iOS.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!