Следната игра на Hi-Rez Studios е SMITE 2

Откриено е дека датамајнерите, наводно, откриле јасни докази што укажуваат на претстојната најава за Smite 2, продолжение на MOBA жанрот од трето лице, кое што е издадено во далечната 2014 година! 10 години Smite!

Откако беше објавено пред речиси една деценија, Smite одржува постојана публика, дури и ако никогаш не се приближила до големината на League of Legends или Dota 2 во жанрот на MOBA игрите.

Боговите на Smite 2

На Рускиот Steam сервис, наводно се појави објава во која се зборува за Smite 2 – но, таа објава беше премногу брзо тргната поради некои одредени причини. Тие причини нормално се дека Hi-Rez Studios не сакаа нивната игра да не биде протечена на интернет.

На друго место, посветените датамајнерите ископаа референци во Smite за „Smite 2 Founders Pack“. На smitedatamining.com се тврдеше дека овој пакет ќе биде достапен за време на роденденскиот настан на Smite во 2024 година, кој се паѓа на 25 март. Десеттото издание на турнирот на Светското првенство во играта во Атланта, Џорџија.

Како бесплатна, достапна MOBA за играње со некои уникатни, иновативни карактеристики, Smite без напор забавува стотици илјади гејмери речиси десет години. Сè уште не е познато како ќе изгледа „Smite 2“, како на пример дали ќе ја „промени“ првата игра, но времето најверојатно ќе покаже… Промиени во стилот на CS2 и Overwatch 2.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

За време на презентацијата на XBOX на Tokyo Game Show, Хидео Коџима се појави на (дигиталната) сцена за да открие кој ќе ја игра главната улога во неговиот нов тактички шпионски наслов, PHYSINT. Тоа не е никој друг туку Бил Скарсгард, познат по еден тон хорор франшизи.

По неодамнешните настани во кои PlayStation се обиде да ги извади тепихот од под Коџима и PHYSINT, самиот човек даде позитивни информации за време на Tokyo Game Show.

Коџима објасни дека тој и Скарсгард се обожаватели на работата еден на друг. Ова ќе биде првата улога на Скарсгард во видео игра, а што се однесува до дебиата, тоа е прилично огромна. Не се знае многу за PHYSINT, но ветува дека ќе биде нешто неверојатно што, ако се изведе правилно, би можело да го „редефинира“ кинематографскиот гејминг.

Во ново видео објавено за време на XBOX сегментот на Tokyo Game Show, Коџима зборуваше за развојот на PHYSINT. Тој го заврши својот говор со откритие дека Бил Скарсгард ќе ја игра главната улога во играта.

И двајцата сме долгогодишни обожаватели на работата еден на друг и решивме заедно да се впуштиме во оваа нова авантура. Сè уште има многу возбудливи најави за екипата во иднина, затоа ве молиме следете ги за понатамошни информации

Комплетите, скенирањата и тестовите со камера што ги спроведовме со Бил и Чарли претходно оваа година ми дадоа огромна доверба во насоката на проектот. Мојата визија за конечната форма стана многу поцврста. Всушност, новиот тизер визуелен дел што е откриен денес користи фотографија што јас лично ја направив од нив двајца за време на таа сесија.

Изјави Коџима

Минатата недела беше откриено дека PlayStation се обидел да го откаже PHYSINT, претстојниот наслов на Коџима за кој се вели дека е духовен наследник на серијата Metal Gear Solid. Сепак, тој не беше изоставен. Подоцна беше потврдено дека XBOX го прифатил партнерството, ветувајќи дека ќе го одржи проектот жив.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!