Next-Gen верзиите на The Witcher 3 доаѓаат во Q4 2022

Next-Gen верзиите на The Witcher 3: Wild Hunt се „планирани“ да излезат во Q4 2022 година, објави од развивачот CD Projekt Red (Q4 значи од прилика крајот на 2022 година). Претходно, CDPR го таргетираше лансирањето во Q2 2022 за бесплатно ажурирање, но го турна објавувањето во април без да се обезбеди нов датум. Заедно со таа априлска најава, CDPR рече дека ќе прават in-house Update, тоа значи дека им го земаа портот на Saber Interactive.

CDPR првично го таргетираше објавувањето доцна во 2021 година и за ажурирањата на следната генерација на The Witcher 3 и Cyberpunk 2077, но подоцна ги помести тие проценки до 2022 година. Ажурирањето од следната генерација на Cyberpunk 2077 слета во февруари и донесе некои големи подобрувања, ray tracing support и побрзо време на вчитување.

CDPR не кажа премногу за тоа што можеме да очекуваме со верзијата од следната генерација на The Witcher 3, иако знаеме дека ќе има бесплатен оклоп (Armor) инспириран од серијата на Нетфликс.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.