Играта ATOMFALL доби нов трејлер

Девелоперите од Rebellion објавиja сосема нов трејлер за претстојната акциона сурвајвл игра, Atomfall. Во овој трејлер, играчите добиваат увид во различните поставки и пејзажи во играта, додека истовремено учат што да очекуваат додека играат.

„Овој дел од северна Англија опфаќа сè, од отворени мочуришта, нерамни ридови, густи шуми и сликовитото англиско село Виндхам,“ вели Rebellion. „Но внимавајте, ова е опасен и непријателски предел исполнет со банди ограбувачи, полудени култисти и необјасниви хорори.

„Дури и локалниот животински свет претставува огромна закана за вашиот живот. Доколку сакате да го истражите овој свет и да преживеете, ќе мора да се борите за својот живот и да собирате ресурси.“

Atomfall пристигнвуа на 27 март и ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта исто така ќе биде достапна на првиот ден преку Xbox Game Pass уште на првиот ден. Во неговата летна прегледна анализа за играта, Grant Taylor-Hill од Insider Gaming зборуваше за тоа како интеракцијата со ликовите во играта може да го промени целокупното искуство.

„Ако се приближите премногу до фракција што не ви верува, ќе бидете нападнати прилично брзо,“ рече тој. „Во разговорите, можете да изберете помеѓу неколку опции, од кои секоја води во различна насока. Доколку сакате да бидете подискретни, ќе ги направите непријателите нервозни, а ако влезете со оружје во рака, ќе ја свртите целата војска против себе.“

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Не е тајна дека цените на хардверот за видеоигри и компјутерските компоненти драстично растат. Исто така, знаеме дека се очекува цената на конзолата Xbox од следната генерација, со кодно име Project Helix, да биде висока. Microsoft го претстави Project Helix како уред од „многу премиум, највисоката класа“, сличен на моќен гејмерски компјутер. Но, нов извештај дава појасна слика за предвидената цена на следната конзола Xbox: според интерните процени на Microsoft, таа би можела да чини дури 1.800 долари.

Тоа очигледно би го направило најскапиот Xbox во историјата и би било тежок предизвик за брендот што се соочува со проблеми. На крајот на краиштата, тоа е двојно повеќе од сегашната цена на PlayStation 5 Pro.

Според новиот извештај на Fortune, Microsoft интерно предвидува дека Project Helix ќе ги чини потрошувачите „меѓу 1.200 и 1.800 долари, освен ако Microsoft не одлучи да субвенционира дел од трошоците“. (Многу производители на конзоли покриваат дел од трошоците и се надеваат дека ќе остварат профит од продажбата на софтвер и претплати.) Во извештајот се наведува и дека Project Helix би требало да излезе пред празничната сезона во 2028 година, подоцна од претходно очекуваното. Со оглед на тоа што цените на компонентите постојано се менуваат, а извршната директорка на Xbox, Аша Шарма, предупредува на зголемување на трошоците, не може да се знае колку на крајот ќе чини Project Helix.

Microsoft претходно потврди дека Project Helix ќе може да ги игра „вашите Xbox и PC игри“, што значи дека можеби ќе биде скап за конзола, но релативно евтин за моќен гејмерски компјутер.

Се води битка околу рачната конзола Xbox од следната генерација

Пред пристигнувањето на хибридниот уред меѓу конзола и компјутер од следната генерација во 2028 година, Шарма и нејзиниот тим планираат да објават и рачна конзола Xbox од следната генерација до празничната сезона во 2027 година, според извештајот на Fortune. Microsoft и Asus ја објавија рачната конзола Xbox Ally во октомври 2025 година. Имаше две верзии на уредот: Xbox Ally за 600 долари и премиум-моделот Xbox Ally X за 1.000 долари. Според извештаите, тој уред е „во суштина рана верзија на она што ќе биде следниот Xbox“.

Но, иднината на рачната конзола Xbox од следната генерација изгледа неизвесна, бидејќи тимовите на Microsoft задолжени за Xbox и Windows наводно не се согласуваат околу најдобриот начин за нејзино создавање. Според Fortune, двете дивизии се судриле околу софтверот наменет за Project Helix. Тимот на Windows сака рачната конзола Xbox да користи „поедноставена верзија на Windows Home“, додека тимот на Шарма сака да „изгради и контролира сопствен софтвер за да постигне најдобри гејмерски перформанси“. Наводно, несогласувањата станале толку сериозни што раководството на Xbox се заканило целосно да ја откаже рачната конзола од следната генерација. Разбирливо. Кој сака да користи Windows?

Xbox е среде пошироко таканаречено рестартирање, кое вклучува илјадници отпуштања во гејминг-дивизијата и радикална реорганизација на Xbox Game Studios и другите студија во сопственост на компанијата. Гејминг-групата неодамна најави и други нови иницијативи, меѓу кои Xbox XP и Xbox Labs, нов тим за кој се чини дека ќе се фокусира на развој на игри со помош на генеративна ВИ. Според извештаите, Xbox работи и на голема промена на Game Pass, со која ќе се напушти моделот со една претплата за сите, во корист на претплата што ќе им овозможи на корисниците да избираат услуги поединечно.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!